Советници за воспитување на деца без мобилни телефони и таблети

Во Америка се појави нов тренд во воспитувањето на децата, а тоа се советниците кои родителите ги вработуваат за да ги научат како семејството да функционира без мобилни телефони, таблети и компјутери.

0
83

Една неодамнешна статија во Њујорк Тајмс, пишува за новиот тренд што се случува во САД, а некои од водечките советници истакнуваат дека не е тешко да се води живот без екрани и дека е тоа лесно да се спроведе, а потребно е само да се занимаваат со работи кои не вклучуваат користење на мобилни телефони, телевизори или социјални мрежи.

Гледате некаде топка? Фрлете ја топката“, вели семејната советничка и специјалис за однесување на децата Ронда Московиц, додавајќи: „Шутнете ја топката!“

Не постои сомнеж дека времето поминато пред екранот има негативно влијание врз децата и возрасните, пишува Scary Mommy. Имало голем број на студии за тоа како времето поминато пред екраните ѝ штети на способноста на децата да спијат, што доведе до одложување на говорот и ги лишува децата од способноста да се дружат. Во исто време, објавени се еден куп книги и апликации за да се ограничат или целосно да се елиминираат екраните во животот на семејствата, иако многумина наведуваат дека нивните деца знаат да бидат лути кога ќе се обидат да им ја исклучат омилената игра или дека е невозможно да се спречат децата да испратат стотина пораки дневно.

Советниците наплаќаат околу 80 долари на час во руралните средини и до 250 долари на час во урбаните средини за просечно 8-12 сесии за ограничување на времето поминато пред екранот.

Но, нивните идеи се доста едноставни.

Дали имате обично старо парче материјал што може да се користи како наметка? Одлично!” вели Московиц. Друга советничка, Глорија Дегаетано, вели дека физичката активност е најдобриот начин да се започне.

Дали имате доволно простор за трчање? Дали имате јаже за скокање?”

Иако овие совети се едноставни, се чини дека тие го содржат токму она што им треба на родителите за да го одвлечат вниманието на нивните семејства од екраните. Многумина немаат успех со децата бидејќи и самите возрасни лица се подеднакво зависни. Другите не знаат како да ги научат границите на здрава технологија, бидејќи самите не пораснале со слична технологија и не знаат како да ги учат своите деца.

Советничката за родители, Кара Полард, понекогаш се обидува да ги потсети родителите на она што го правеле како деца пред да има мобилни телефони и таблети.

Им велам: ‘Само обидете се да се потсетите на она што сте го правеле како дете. И тоа е толку тешко, многу им е непријатно, но само треба да се потсетат.“

Друг тренер за родителство, психолог Ерика Рајшер, посочува дека проблемите со екраните и потпирањето на родителите врз советниците се два дела на истиот проблем. „Тоа е ментален склоп што нè става пред екраните – оптимизација на ефикасноста”, вели д-р. Рајшер, додавајќи: „Сакаме одговорите да ни се испорачаат: ‘Само кажете ми што да правам, а јас ќе го направам тоа!‘

Едно нешто што може да се извлече од овој текст е – исклучете ги екраните и излезете надвор!

Фото: Pixabey

loading...