Совет за трудници: Масажата може да помогне да избегнете епизиотомија

Овој процес треба да го почнете во 34.недела од бременоста и да го спроведувате секојдневно.

0
216

Епизиотомија или сечење при породувањето многу често се прави во нашите родилипшта за да се олесни процесот на вагинално породување и за да се спречи распукувањето, особено кај прворотките. Сепак, истражувањата покажуваат дека бројот на епизиотомии и оштетувања на мекиот излезен дел од родилниот канал може да се намали со адекватна подготовка на трудниците за породување, која опфаќа и масажа на ткивото и подготовка за неговото ширење.

Овој процес треба да почне во 34.недела од бременоста да се спроведува секојдневно. Со перинеална масажа се зголемува еластичноста шѕто може да доведе до избегнување на епизиотомијата и непријатното чувство кое го следи опоравувањето од овој рез. Жените кои ја правеле оваа масажа имале 15 отсто помала зачестеност на епизотомија во однос на оние кои не ја правеле. Исто така, оние кои ја изведувале и сепак имале епизиотомија, помалку се жалеле на болка.

Масажата се изведува во полуседечка положба со нежни движења на прстите, со потсечени нокти и со помош на растителни масла или лубриканти.

Меѓуножјето треба да се масира и постепено да се растега и да се опушта десетина минути дневно по примерот на процесот кој се случува кога тука поминува главчето на бебето во текот на породувањето, односно, додека не се почувствува пецкање. Важно е тој процес да се одвива нежно затоа што во спротивно можат да се појават отоци, и да се избегнува притисокот на уретрата (мочниот канал).

 

loading...