Создадовме генерација на неемпатични и егоистични деца

. Имаме генерација која е неемпатична, која се гледа само себе и се води со мотото „Гази преку мртви до целта“.

0
261

Во Данска учењето емпатија е еднакво важно како и учењето книжевност и математика и е составен дел од наставната програма за ученици од 6 до 16.години.

Некои стручњаци сметаат дека е за ампатија доцна да се учи од шестата година, туку дека децата би требало да се научат на ова и порано.

Тоа значи дека родителите би требало да работат многу повеќе на ова. Иако веруваме дека сме народ кој е многу топол и емпатичен, се чини како времињата да се измениле.

За жал, денеска децата се учат на тоа како да си обезбедат нешто за себе, и како да не споделуваат некои работи со другите.

Такашто, веројатно би било добро прво да се воведат курсеви за родителите. Децата кои се научени да не ги удираат другите деца, да имаат сочувство ако некому му се случи нешто и кои сакаат да помогнат, стануваат поквалитетни луѓе и кај нив има помала шанса да се развијат разни психопатолошки однесувања, велат психијатрите.

Емпатијата е исклучително значајна и всушност е најдлабок израз на човечност и хуманост и дефинитивно треба да се работи на неа. Данците сериозно ги сфатиле резултатите од бројните студии, кои велат дека емпатијата ги прави децата емотивно и социјално покомпетентни и значително го намалува врсничкото насилство.

Поради лошатта економска состојба кај нас сѐ повеќе двојки се одлучуваат да имаат само едно дете и, за жал, овие деца се разгалени. Секако, тоа не е случај само кај единците. Имаме генерација која е неемпатична, која се гледа само себе и се води со мотото „Гази преку мртви до целта“.

Штета е тоа што како културно емпатична нација направивме генерација на деца кои се осакатени на некој начин и тоа ќе биде многу тешко да се поправи.

Фото: Pexels

loading...