Со кои реченици им ја намалувате самодовербата на своите деца?

Потребно ни е чувство дека ќе не прифатат и кога ќе згрешиме. Потребно ни е чувство дека сме сакани и кога сме згрешиле, потребно е да летаме, да создаваме и да мислиме со своја глава со самодоверба односно чувство дека ако паднеме не сме изгубиле сѐ.

0
272

Сите наведени реченици пренесуваат порака дека личноста не е спосбна, дека е несамостојна, дека не е вредна, односно сочинуваат една емоционална уцена со која директно се намалува самодовербата на своите синови и ќерки.

Оди обиди се, ако не успееш врати се, тука сум“, би требало да биде една од главните пораки кои родителите им ги испраќаат на децата.

Наспроти:

Немој после мене да ми плачеш“

Немој после мене да ми се враќаш“
„Ако одиш завршив со тебе“

Некогаш имав син/ќерка“

Ќе видиш како ќе ти биде после“

Ќе се сетиш што ти зборував“

Нема да успееш“

Кој уште го прави тоа денеска“

Ти си контра од светот“

Само нешто измислуваш“

Ќе те остави кога си таков/таква“

Кој ќе те сака таков/таква“

Јас во твои години имав толку и толку години стаж, жена/маж, тебе и твојот брат“

Каков/ва си, подобро да немаш деца“

Што уште би додале? Напишете во коментарите за да можат сите да се препознаеме, зада се гризнеме за јазикот кога ќе изговориме нешто слично, да си ја чукнеме главата и да во иднина да не ги употребуваме овие и слични реченици.

Сите овие реченици пренесуваат страв од одвојување инапуштање, физичко, а потоа и психичко по забрана на немање истомислење и исто однесување во животот.

Сите реченици служат за набивање комплекси, сите ја пренесуваат пораката дека личноста не е способна, дека е несамостојна, дека не е вредна, односно, се дел од една емоционална уцена во која директно им ја намалувате самодовербата на своите синови и ќерки.

Под таква закана на „cut off“ односи, ако направиш како што ти сакаш и мислиш, јас веднаш те отфрлам и нема да го имаш повеќе ова што го имаш од мене, лицата усвојуваат страв од напредување, од различност, од ризик во животот.

Тие реченици одзвонуваат и стануваат внатрешен самоговор и тоа не само ако детето има 3 или 5 години, туку и ако тоа лице има 20,30,40,50,60 години….

Самодовербата се гради постепено, а за да научи детето нешто ново потребно е зад себе да ги има родителите кои ќе го фатат кога ќе падне, но само додека не научи само.

Потребно ни е чувство дека ќе не прифатат и кога ќе згрешиме. Потребно ни е чувство дека сме сакани и кога сме згрешиле, потребно е да летаме, да создаваме и да мислиме со своја глава со самодоверба односно чувство дека ако паднеме не сме изгубиле сѐ.

Бидете тука за своето семејство,не само во односот родител-дете, туку и возрасна личност (дете)-родител, пријател-пријател, не уценувајте повеќе никого со своето заминување и закана за откажување преку весник, селидба, раскин. Не наседнувајте повеќе на такви закани, должни сте им го тоа на себе и на оние што ги сакате.

Фото: Pixabey

loading...