Со својата крв спасил 2,4 милиони бебиња

„Човекот со златна рака“ чија крв ги спаси животите на 2,4 милиони бебиња, ја направил својата последна донација на крв

0
288

Во 1951 година, 14-годишниот Џејмс Харисон од Австралија се разбудил од голема операција на градите. Лекарите отстраниле еден од неговите бели дробови и лежел во болница три месеци. За време на овој тежок период, Харисон дознал дека е жив во голема мера поради огромното количество на крв што го добил преку трансфузија. Тогаш и таму, тој ветил дека и самиот ќе стане донатор. Поранешните австралиски закони барале крводарители да бидат постари од 18 години, па момчето морало да чека уште 4 години. Но, Харисон го одржал своето ветување. Организацијата проценила дека редовно донирајќи крв во австралискиот црвен крст во текот на 60 години, Харисон спасил милиони животи.

Набргу откако Харисон станал крводарител, лекарите му рекле дека неговата крв може да реши голем проблем.

„Во Австралија, до околу 1967 година, буквално, илјадници бебиња умирале секоја година, лекарите не знаеја зошто, и тоа беше ужасно“, изјавила за Си-Ен-Ен Џема Фленкенмер од австралиската служба за крв на Црвениот крст.

„Жените имаа бројни спонтани абортуси и бебињата се раѓаа со оштетување на мозокот”. Сега знаеме дека причината за овие страшни нешта е состојба во која крвта на бремената жена почнува да ги напаѓа крвните клетки на своето неродено бебе.

Болеста резус се јавува кога бремената жена има резус-негативна крв (RhD негативна), а бебето во нејзината утроба има позитивна крв (RhD позитивна), наследена од таткото. Ако мајката е сензибилизирана за резус-позитивна крв, обично во текот на претходната бременост со резус-позитивно бебе, таа може да произведе антитела кои ги уништуваат „туѓите“ крвни клетки на бебето. Лекарите откриле дека Харисон има ретки антитела во неговата крв, а во 1960-тите работеле заедно, користејќи го за да развијат инјекција наречена Анти-Д. Анти-Д ги спречува мајките со резус-негативна крв од развивање на RhD антитела за време на нивната бременост.

Лекарите не знаат зошто Харисон го има овој редок тип на крв. Нивната најдобра претпоставка сугерира дека тоа може да има врска со трансфузиите што ги добил кога имал 14 години. Службата за крв, исто така, вели дека во Австралија не постојат повеќе од 50 луѓе за кои се знае дека имаат антитела.

„Секоја капка од крв е скапоцена, но особено крвта на Џејмс. Секоја партија Анти-Д, која некогаш била направена во Австралија, доаѓа од крвта на Џејмс“, вели Фалкенмар. „И повеќе од 17 проценти од жените во Австралија се изложени на ризик, па Џејмс помогна да се спасат многу животи“. Да бидеме попрецизни – околу 2,4 милиони.

Познат како „Човекот со златна рака“, Џејмс Харисон направил 1.173 донации на крвна плазма – 1.163 од десната рака и 10 од левата страна.

„Звучи многу смирувачки кога велат: „Ох, го направивте ова или сте го направиле тоа или вие сте херој“, изјавил Харисон за Си-Ен-Ен. „Тоа е нешто што можам да го направам. Тоа е еден од моите таленти, веројатно мојот единствен талент е тоа што можам да бидам донатор на крв“.

„Би продолжил доколку ми дозволат“. Но, г. Харисон ја надминал возрастната граница за крводарителство и Службата за крв се обидува да го заштити неговото здравје. Пред неколку дена Харисон го направил својот последен придонес. Тој е награден со медал на редот на Австралија во 1999 година.

loading...