Со што си играат натпросечно интелигентните деца?

Вашето дете често си игра со едни исти фигурички и постојано ви зборува за нив? Големи се шансите дека е натпросечно интелигентно, вели новата студија.

0
968

Ако вашето малечко обожава да си игра со фигурички на диносауруси, постојано ви зборува за нивните ловечки способности и едноставно ги обожава, тоа е знак, како што велат неодамнешните истражувања, дека е поинтелигентно од повеќето.

Имено, секое трето дете на возраст помеѓу две и шест години развива силна фиксација на тема како што се астрологијата, коњите или диносаурусите. Додека девојчињата лесно заталкуваат во својот свет на фантазијата и фантастичните игри, момчињата се честопати како сунѓери што впиваат сè околу себе. А диносаурусите им се омилена тема. Латинските стручни имиња, особини и животни навики на овие одамна изумрени суштества обично ги учат брзо и лесно.

Децата самите ја избираат темата за својата силна фиксација сосема независно од интересите на нивните родители. Поради големата жед за знаење, малите љубители на диносаурусите или пак на коњите, на sвездите и слично на тоа, интуитивно ги подобруваат своите когнитивни способности. Кога станува збор баш за диносаурусите, научниците забележале зголемена способност за концентрација, поголемо внимание и поголем капацитет за обработка на информациите кај момчињата. За ова дале објаснување: изумрените диносауруси не се дел од природниот свет на децата, па потребно е темелно истражување за нешто да се дознае. Тоа истражување автоматски им обезбедува на децата одредени способности кои подоцна ќе им го олеснат почнувањето на школувањето.

Иако родителите очигледно немаат многу влијание врз изборот на темата, научниците тврдат дека нивната поддршка е многу битна за да се одржи заинтересираноста кај децата.

Имено, само со доволно насоки може да ужива во своето хоби, особено ако тоа сè уште не умее да чита. Затоа е добро родителите да им читаат на малечките деца книги посветени на овие суштества, да гледаат со нив документарни филмови или да ги одведат во природонаучен музеј. Така за детето учењето ќе биде задоволство и забава. И не грижете се ако предмет на неговото интересирање не ви е силна страна – нема да ви штети да научите нешто ново за да изнајдете нови теми за разговор со вашето малечко.

Фото: Pexels

loading...