Срам те било!

Некои родители мислат дека со ваков начин на комуникација ќе го натераат детето, поради срамот што ќе го почувствува, повеќе да не прави некои работи. Дали им го велите ова на вашите деца?

0
282

Кога чувствуваат дека родителите не се задовопни од нивното однесување, децата се трудат да го сменат тоа, но ако како метод го користат засрамувањето, тоа ќе остави многу други, лоши последици за здравјето. Тоа чувство на пониска вредност во однос на другарите може трајно да се всади во нив, па детето секогаш ќе има чувство дека оној другиот е подобар, попаметен, поубав од него.

Сликата што ја имаме за себе, за своите способности, природа, квалитети и однесување, се формира во нашите најрани години, врз основа на она што го слушаме од нашите најблиски, родителите, бабите и дедовците, воспитачите. Па затоа, ако постојано добиваме информација дека сме безобразни, лоши, смотани, тоа е токму она што ќе го мислиме за себе. Но тоа не е мотив да се поправиме и да бидеме подобри. Напротив, децата се однесуваат врз основа на сликата која ја создале за себе. Детето кое верува дека е лошо ќе покаже такво однесување, провоцирајќи ги родителите повторно да му кажат дека е лошо. Така настанува и тој маѓепсан круг.

Родителите имаат навика да го посматраат однесувањето, а не самото дете и со самото тоа го третираат однесувањето, наместо човечкото суштество кое стои зад тоа однесување.

Тоа е тенок мраз – кога третираме однесување, заборавајќи дека зад него стои дете, со своите емоции и размислувања,лесно ќе посегнеме по медотот на засрамување. Од друга страна, кога ќе се потрудиме да ја третираме личноста која стои зад тоа однесување, полесно ќе се фокусираме, ќе го дисциплинираме детето без засрамување. Ова е секако поздрав пристап, но бара повеќе труд и размислување.

Засрамувањето е линија на помал отпор – дава резултат моментално, а остава последици кои не можат веднаш фа се согледаат, наведувајќи ги со тоа родителите да помислат дека постигнале нешто добро.

Засрамувањето не го намалува одредениот вид на однесување, тоа само ја намалува самодовербата. 

Многу истражувања на засрамувањето на децата го поврзуваат ова со нивната желба да ги повредат другите.

Децата на кои родителите често им велат дека се лоши, веројатно ќе бидат агресивни и почесто ќе пројавуваат автодеструктивно однесување. Засрамувањето ги тера да се повлечат во себе, а длабоко вкоренетото чувство на срам ќе го прекријат со маска на супериорност, агресивност, а во некои случаи со опсесивен перфекционизам.

Фото: Pixabey

loading...