Среќно бебе: огласник за бебешка и детска опрема

Среќно бебе е новиот огласник за бебешка и детска опрема, облека, играчки и останати производи и место кадешто родителите ќе најдат одлични производи за своето бебе по екстремно пониски цени од оние во продавниците, најавуваат од „Среќно бебе“

0
44

Денеска почнува со работа www.sreknobebe.mk, огласник за бебешка и детска опрема, облека, играчки и останати производи.

„Доаѓањето на свет на нов живот е најголемата радост за сите родители, роднини и пријатели. Но, тоа често претставува и голем трошок за родителите – сите знаеме дека бебешките производи се прилично скапи, се користат многу кратко, а некогаш остануваат сосема нови и некористени.

Среќно Бебе е место кадешто родителите, нови или искусни, ќе пронајдат ТОП производи за нивното бебе по екстремно пониски цени од оние во продавниците. Среќно Бебе е и одлична шанса родителите да ги огласат производите кои повеќе не ги користат и притоа да си повратат дел од потрошените пари – а да си купат нешто друго потребно за своите деца (или за себе). Ослободете се од предметите кои само ви зафаќаат простор, а повеќе не се користат, и воедно, ЗАРАБОТЕТЕ!

Среќно Бебе започнува со работа ДЕНЕС! Затоа, ви подготвивме супер промоции и изненадувања!

>>> Сите кои ќе ја споделат Фејсбук страницата (овде) ДЕНЕС, ќе можат да огласуваат БЕСПЛАТНО во текот на целата година!

>>> Огласувањето е БЕСПЛАТНО во првиот месец. Објавете КОЛКУ САКАТЕ огласи! (по првиот месец сите НОВИ објави ќе чинат 35 денари, старите остануваат бесплатни и објавени).

>>> Првите најдобри 50 огласи ќе добијат ТОП пакет;

>>> Други најдобри 50 огласи ќе бидат означени како ФУЛ пакет;

Овие огласи ќе бидат одбрани од администраторите на сајтот според: најдобро сочуван производ со најголема вредност по најдобра цена, најдобри фотографии и најдобар опис на производот.

Па затоа, отворете ги просториите каде ги складиравте овие работи, и започнете со фотографирање! Огласувањето е БЕСПЛАТНО, а можноста да си ги повратите парите – голема! Идни родители – пребарувајте лесно и едноставно. Пребарувајте често, секогаш ќе има нови огласи, па шансите се големи да го најдете токму она што вам ви треба, „ганц“ ново, по нереално ниска цена. Вистинска премија!“, велат од „Среќно бебе“.

Фото: Pixabay

loading...