Српско чудо од дете го поместува светот со своите неверојатни цртежи

Талентот е вкоренет во сите нас. Се разбира, напорната работа се исплаќа, но некои луѓе се природно талентирани. Душан Кртолица од Србија е такво чудо од дете. Тој почнал да црта кога имал само две години. Тоа му било во крвта.

0
2576

Децата го гледаат светот на поинаков начин со нивната плодна фантазија. За Кртолица, природата била инспирација. Тој бил фасциниран од животните и од природата како целина па почнал да ги става на хартија.

Кога имал само четири години, неговите родители го виделе неговиот талент и го запишале во уметничко училиште.

На возраст од 8 години, неговото прекрасно уметничко дело било прикажано во училиштето и привлекло многу внимание.

Кога имал само 9 години, тој нацртал прекрасно јато од различни птици, што можело да го воодушеви секој орнитолог.

На 10 години, тој се свртел кон човечките суштества. Неговиот цртеж на витез и на луѓето околу него бил многу реален.

Ако добие инспирација, тој може да нацрта што било. Еве уште едно животно што го привлекло неговото внимание кога имал 12 години.

На 13-годишна возраст, Кртолица напишал енциклопедија и ја илустрирал. Станува збор за праисториски свет и иако е првично објавен на српски јазик, наскоро се очекува и англискиот превод. Тој е претставен и на неколку телевизиски емисии, а исто така има и шест самостојни изложби. Има и многу купувачи и најдобриот дел е тоа што тој и неговите клиенти лесно се спријателуваат.

Текстот и фотографиите се од ТУКА.

loading...