Станала мајка на 16 години, а баба на 32

Не е чудо што кога ќе ја видат со ќерка ѝ мислат дека се сестри, а кога ќе ја видат со внуците, дека им е мајка

0
1135

Филипа Наирн, Ирска, имала 16 години кога ја родила ќерка си, Стефани. Шеснаесет години подоцна, на 32-годишна возраст, станала баба.

Таа денес има 38 години, а луѓето сè уште не веруваат дека е баба на две внучиња. Нејзината ќерка Стефани го родила синот Кајден пред шест години и ќерката Лејла пред три години. Кога таа и нејзините внуци одат по патот, луѓето се убедени дека тие се нејзини деца.

„Јас и мајка ми понекогаш излегуваме заедно и имаме многу заеднички нешта“, изјавила 22-годишната Стефани за Femail.

Поради нејзиниот младешки изглед, луѓето се убедени дека мајката и ќерката се сестри.

„Мајка ми ужива да биде баба. Мојот син е повеќе со неа отколку со мене. Тие се многу поврзани”, додава Стефани, која не била во стабилна врска кога останала бремена и сега сака да ја разбие стигмата која се поврзува со младите мајки.

„Ќе седам на плажа и ќе пијам коктели во мир кога моите пријатели допрва ќе стануваат родители“, се пошегувала таа.

Фото: Фејсбук

loading...