Стручњаците објаснуваат зошто се опасни пораките на анти-вакцинашите

Вакцинирањето може да ги „убие“ децата, тврдат противниците на имунизацијата. Една група анти-вакцинаши во Америка дури почнале да поставуваат џамбо плакати, според нив, за да ги „едуцираат и да ги охрабрат луѓето да им кажат не на отровите на фармацевтите и на вакцините“.

0
225

Првиот плакат на групата анти-вакцинаши во Америка се појавил на автопатот во Западна Вирџинија, а на него е синот на Ник Катоне кој починал во 2017.

„Како сестра, никогаш не мислев дека вакцината  може да убие, се додека мојот син не стана жртва“, е цитат на мајката на детето кој стои покрај неговата фотографија.

Иако лекарите утврдиле дека причина за смртта е синдром на ненаејна доенечка смрт, неговиот татко за тоа ја обвинува комбинираната вакцина против дифтерија, тетанус и магарешка кашлица. По смртта на синот, Нук одлучил да ја промовира политиката на антивакцинашите.

Иако смртта на момчето е трагедија, стручњаците велат дека е многу проблематично таа да се упоитребува за вакцините да се претстават како нешто опасно, особено кога организаторите во кампањата не даваат повеќе информации од цитати на родителите.

Американскиот Центар за контрола на болестите и превенција наведува дека вакцината против дифтерија, тетанус и магарешка кашлица е безбедно и ефикасно.

„Вакцините, како и секој друг лек, можат да имаат нуспојави. Најчесто станува збор за благи последици кои исчезнуваат за неколку дена“, велат.

Стручњаците од Светската здравствена организација исто така предупредуваат дека не постои врска помеѓу споменатата вакцина и синдромот на ненадејна доенечка смрт.

„Митот кој не стивнува е дека тие две работи се поврзани. Ова произлегло од неколку случаи во кои детето умрело од последици на ненадејна доенечка смрт, а кусо време претходно биле вакцинирани. Но таквата логика е погрешна. Така можете да кажете дека јадењето леб предизвикува сообраќајни несреќи затоа што со анализа на учесниците може да се покаже дека повеќето од нив во последните 24 часа пред несреќата јаделе леб“, порачуваат оттаму.

Организацијата укажува и на научни докази.

„Неколку истражувања покажале дека децата кои примиле комбинирана вакцина против дифтерија, тетанус и магарешка кашлица имаат помали шанси за смрт во колевка“, пишува на нивната страница.

Институтот за медицина известил дека сите контролирани студии кои ги споредувале вакцинираните и невакцинираните деца не покажале никаква поврзаност помеѓу оваа вакцина и ненадејната доенечка смрт.

„Доказите не укажуваат на причински однос помеѓу вакцината и ненадејната доенечка смрт“, заклучуваат стручњаците и ги повикуваат родителите да се посоветуваат со педијатар пред да донесат одлука за невакцинирање на децата.

Фото: Pixabay

loading...