Стручњаците предупредуваат: Не им давајте на децата да пијат пред полнолетство

Речиси половина од родителите сметаат дека децата треба да се „запознаат“ со алкхолот пред 15.година. Наводно, така се намалувале шансите да станат алкохоличари. И замислете, анкетите покажале дека вака сметаат 43 проценти од родителите

0
144

Од моментот кога вашето дете ќе дојде на свет, секоја одлука што ќе ја направите (или нема да ја направите) ќе влијае на нивната иднина – на добар или лош начин. На среќа, светот е полн со луѓе кои поминале низ истата приказна. На несреќа -не се согласуваат околу ништо. Буквално!

Па така, кога станува збор за алкохолот, резултатите на анкетите покажале дека децата треба да консумираат алкохол уште од 15 години. На тој начин се намалуваат шансите да станат алкохоличари кога ќе пораснат. За пример ја зеле Франција, кадешто децата од малинозе се учат да пијуцкаат вино.

Чудна логика, нели? Зошто тогаш стручњаците им советуваат на родителите да ги одвраќаат децата од алкохол колку што е тоа возможно?

Наместо да им ја намалите љубопитноста, можете да предизвикате порано почнување на сериозно напивање“, предупредува Колин Шевилс, стручњак за малолетнички алкохолизам. Истражувањата покажале дека тинејџерите на кои родителите им дозволуваат да пијат, порабо развиваат склоност кон алкохолизам. Можеби актуелниот тренд сепак не е решение?

Медицинскиот совет е јасен – без алкохол пред 18.година е најсигурна опција, а за 15, да не зборуваме. Тој лошо влијае на мозокот на детето кој се развива и консумирањето толку рано може да предизвика психички и здравствени пореметувања“, објаснуваат докторите.

Родителите ширум светот можеби не се согласуваат соова, но што се однесува до експертите – најдобро би било да го заклучувате бифето!

Фото: Unplash

loading...