Супер храна за бебиња

Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, па еве неколку намирници кои е добро да бидат дел од кашичките за најмалите

0
244

Кои намирници се супер храна за вашите деца и секако би требало да бидат дел од нивната исхрана. Во приготвувањето на кашички ставете им од овие намирници за да бидете сигурни дека вашето дете ги добива сите потребни витамини и хранливи материи.

Лен. Ленот е природен лаксатив и совршен извор на омега-3 масни киселини кои се одлични за здрав развој на мозокот и нервниот систем и ја зголемуваат апсорпцијата на одредени витамини. Со својот благ вкус лесно ќе се вклопат во сите видови овошни и зеленчукови кашички, а воедно ќе послужи и како одлично средство за згуснување на кашичките.

Чиа семки. Дури во последно време стануваат сѐ попопуларна состојка за здравите оброци. Содржат околу 60 проценти омега-3 масни кислеини и се богати со влакна па се добри за регулирање на варењето.

Кисело млеко. Богато е со калциум, а сиромашно со јаглени хидрати и натриум, а одлично оди со сите  видови на овошје.

Млеко кое не е млеко. Млекото од конос, од ориз, соја и квиноја е одличен избор во приготвувањето на кашички за малит деца или како додаток во јадењата за децата кои се алергични на млекото од животинско потекло.

Авокадо. Авокадото е богато со здрави масти и фолна киселина. Има кремава структира и многу благ вкус, па одлично ќе се вклопи во сите кашички кои им ги приготвувате на своите деца. Освен тоа, речиси и нема бебе кое е алергично на авокадо па може да се користи веќе во првите кашички за вашето дете.

Кокосово масло. Ова масло има благ, лесен, слаткаст вкус на кокос и е одличен додаток за овошните кашички. Здравите масти и хранливите материи од кокосовото масло имааат неброени предности за здравјето на вашето дете.

Овес. Богат е со влакна и е одличен извор на железо, магнезиум, селен и манган. Освен тоа, во комбинација со овошје и зеленчук е одличен избор за вашето бебе кое долго ќе го држи сито.

Урми. Урмите успешно го одржуваат нивото на шеќерите и им даваат блажина на кашичките без потреба од додавање на шеќер.

Идеја за кашичка:

Ленот се користи во комбинација со брокула, морков или јаболка, потребно е само да се смели пред употреба затоа што на тој начин се ослободуваат сите негови благодети.

Чиа семките се одлични во комбинација со овошје, особено со банани и праски.

Кокосовото масло одлично ќе се вклопи со кашичка од манго.

Овесот во комбинација со овошје и кокосово масло или урми е одличен избор за слатка кашичка, додека во комбинација со зеленчук ќе им даде побогат вкус на солените кашички.

loading...