Сѐ повеќе педијатри во светот одбиваат да лечат невакцинирани деца

Со оглед на тоа што многу родители во светот избираат да не ги вакцинираат своите деца, некои доктори почнале да одбиваат да ги лекуваат овие деца.

0
150

Многу човекови болести се искоренети токму поради употребата на вакцините. Благодарение на нив намалени се заболувањата, инвалидноста и смртноста ид бројни инфективни болести. Но и покрај многуте докази, многу родители во дел од светот и натаму одбираат да не ги вакцинираат своите деца.

Како одговор на невакцинирањето, др.Чарлс Гудмен и неколку други лекари во светот последниве години усвоиле нова политика. Имено, сѐповеќе лекари одбиваат да лекуваат деца кои не се вакцинирани.

„Родителите кои избираат да не ги вакцинираат децата, не само што ги доведуваат во ризик своите деца туку и сите други деца околу нив, особено оние деца во мојата чекална“, рекол др.Гудмен.

И додека педијатрите „ги отпуштаат“ пациентите кои веруваат дека постои поврзаност помеѓу вакцинирањето и аутизмот, некои родители се чувствуваат предадени и вознемирени. Од друга страна, Американското здружение на педијатри смета дека педијатрите треба да ја нагласуваат важноста од вакцинирањето во текот на прегледите, но исто така треба и да гои почитуваат желбите на пациентите освен ако не постои значаен ризик за децата. Едно од најновите известувања се појавило на вратите на еден педијатар во САД. На него, помеѓу другото, пишува:

Нашата амбуланта повеќе нема да прима пациенти кои не ги вакцинираат своите деца. Ќе ги вакцинираме оние кои сакаат да го почнат процесот, но после 1 јануари 2019.година ќе ги отпишеме оние пациенти кои не се согласуваат со новата политика.

По стручниот совет на нашиот лекар, како и насоките од Центарот за контрола и превенција на болестите и на Светската здравствена организација, ги предупредуваме родителите да не им ги ускратуваат вакцините на своите деца, а доколку имате било какви прашања или грижи во врска со оваа политика, ве молиме слободно обратете се кај нашиот персонал“.

Фото: Pixabey

loading...