Сѐ што треба да знаете за првото бањање

Правилното бањање на бебето е исклучително битно за нега на чувствителна кожа, а постојат неколку работи кои не смеат да ги прават.

0
354

Бањањето на бебето на новопечените родители може да им изгледа комплицирано, а понекогаш можеби дури и опасно. Меѓутоа, првото бањање можете да го „преживеете“ со помош на неколку совети, а подоцна кадата станува сѐ позабавно место за вас и за новороденчето.

До третата недела бебето не е потребно да се бања во када, туку само „на суво“односно со сунѓерче. За бањање на бебето потребно е да ги имате основните работи, како што е кадичка, чист пешкир, пелени, крем и вата.

Постојат разни модели на кадички за бањање на бебе, но можете да одберете и наједноставна-пластична. Битно е површината да биде чиста. Одберете кадичка која ви овозможува најголема стабилност.

Бањањето на бебето почнете го со главчето и убаво измијте го користејќи нежни движења и доволно топла вода. Не се плашете дека ќе го повредите бебето и мијте го новороденчето од главчето па надолу.

Ќе ви треба „асистент“ затоа што мора да го придржувате детето. Бањањето на бебето завршете го такашто ќе го завиткате во пешкир, но никако немојте да ја триете чувствителната бебешка кожа.

Обрнете внимание на ушите и добро исушете ги со вата, а потоа нанесете препарати за нега на кожата. Намачкајте го бебето со крема, но избегнувајте ги прегибите кадешто може да се насобере маснотијата.

Уживајте во бањањето со своето бебе и направете од тоа вистинска игра, а бебето со гаранција побрзо и подобро ќе спие после бањањето.

loading...