Татковците кои одат на породилно, на крајот сакаат помалку деца

Истражувањето кое било спроведено во Шпанија открило дека по користењето на родителското отсуство, мажите изразуваат помала желба за уште деца, веројатно поради зголемената свест за трошоците за одгледување на децата.

0
53

Новото истражување кое било спроведено во Шпанија покажало дека татковците кои земаат родителско отустсво за да останат дома со децата, на крајот сакаат помало семејство.

Имено, во оваа земја пред 12 години е воведена опција од две недели целосно платено родителско отсуство за татковци. Во 2018. тоа е зголемено на пет недели. Меѓутоа, економистите кои ја проучувале таа можност дошле до заклучок дека е помала веројатноста дека мажите кои ќе ја одберат во иднина ќе сакаат да имаат уште деца.

Авторите на истражувањето објавено во списанието Journal of Public Economics веруваат дека татковците кои поминуваат време дома со детето почнуваат да се фокусираат на квалитет, а не на квантитет, веројатно затоа што престојот дома со мали деца е предизвик.

Истражувањето дошло до некои позитивни податоци, како она дека татковците кои земаат родителско отсуство се повеќе вклучени во животите на своите деца и им даваат поголема поддршка на своите сопруги кои после бременоста и породувањето се враќаат на пазарот на трудот.

Откривме дека мажите по користењето на родителско отсуство изразуваат помала желба за уште деца, веројатно поради зголемената свест за трошоците на одгледување на децата“, се наведува во заклучокот на истражувањето.

Наспроти тоа, интересно е дека жените во Шпанија истовремено почнале да покажуваат склоност кон нешто поголеми семејства.

Фото: Pixabey

loading...