Татковците се посреќни кога се грижат за децата од мајките, вели истражувањето

Ако сте мајка која има впечаток дека е повеќе под стрес од таткото на детето, постои причина за тоа. Истражувањата откриле дека татковците повеќе уживаат во грижата за децата од мајките.

0
82

Студијата спроведена меѓу 18.000 родители во Калифорнија открила дека татковците се чувствуваат попозитивно во споредба со мајките кога поминуваат време со своите деца. Експертите ги проучувале количината на среќа, симптомите на депресија, психолошко задоволство и стрес и дошле до заклучок дека полот значително влијае на поврзаноста помеѓу грижата за децата и среќата. Зошто е тоа така?

Експертите веруваат дека ова е поврзано со тоа како татковците го поминуваат времето со децата. Излегува дека татковците поголемиот делод времето си играат со децата, додека мајките имаат многу постресни задачи. Тие трчаат по децата, ги тераат да пишуваат домашно и внимаваат да не се повредат. Од друга страна, татковците најчесто играат игри со своите деца и им читаат приказни за спиење.

Иако истражувањата велат дека татковците главно сметаат дека времето поминато со децата им е пријатно, тоа не значи дека и тие не извршуваат потешки задачи. И обратното е исто така точно, односно, не значи дека мајките никогаш не уживаат со своите деца.

Психологот Соња Љубомирски советува и обајцата родители да се вклучат во разиграните активности со своите деца за подобрување на менталното здравје и благосостојба.

Фото: Pexels

loading...