Таткото-доктор ја породува сопругата, а анестезиологот ја држи за рака

Единствено нешто што ми недостигаше беше улогата на сопруг, од причина што и овој пат за време на самото породување, анестезиологот беше тој што ми ја држеше раката додека таткото оперираше, вели сопругата на д-р Зоран Јовановски од Ре-Медика.

0
955

Д-р Зоран Јовановски е успешен гинеколог-акушер во првата приватна општа болница „Ре-Медика“. Тој е еден од ретките доктори кој во двојна улога – на татко и на доктор – имал привилегија неодамна да ја породи својата сопруга Марина Христовска. Како поминало породувањето, за новите обврски во семејството, како и за тоа колку бебиња дошле на свет со негова помош зборува д-р Јовановски во интервјуто објавено ТУКА.

Меѓудругото, докторот зборува дека не може да се опише чувството кога заедно со мајката, и таткото учествува во носењето на свет на сопственото дете, во улога на доктор.

„Загриженост и трема секако дека постоеја, но нив ги оставив пред влезот во операционата сала. Штом влегов во салата и се подготвив за операцијата, знаев дека сè ќе биде во ред. Сепак, ова ми е работа, а јас сум професионалец. За разлика од претходното породување, овој пат бев неверојатно смирен“, вели д-р Јовановски.

Неговата сопруга пак, на прашањето како таа се чувствувала додека ја породувал нејзиниот сопруг, вели: Веќе го поминавме овој процес пред шест години и точно знаев што ме очекува. Како и првиот пат, и сега не чувствував никаква загриженост во однос на самото породување, затоа што веќе знаев дека си имам работа со професионалец. Единствено нешто што ми недостигаше беше улогата на сопруг, од причина што и овој пат за време на самото породување, анестезиологот беше тој што ми ја држеше раката додека таткото оперираше.

loading...