Таткото е важен за самодовербата на детето

Жените кои освен алиментација, од таткото ниту бараат ниту поттикнуваат, ниту пак му дозволуваат почести контакти со децата, се најголеми непријатели на своите деца.

0
494

Иако на сосема различен начин, улогата на таткото во животот на детето е подеднакво важна. Имено, најсилно влијание на личноста во детството има чувството на отфрленост.

Тоа може да предизвика несигурност, збунетост, емоционална затвореност, а е особено поразно кога се појавува како реакција на синот на незаинтересираниот татко.

Попрецизно, невклучен татко или посесивна мајка кои улогата на таткото ја сфаќаат како битна за финансиската сигурност на семејството, а без активно вклучување во растењето и воспитувањето на децата. Тоа е најчестиот стереотип кој за среќа сѐ повеќе почнува да се потиснува затоа што нема основа, велат психолозите.

Затоа татковците кои се незаинтересирани за да се вклучат во животот и воспитувањето на своето дете, како и жените кои освен алиментација, од таткото ниту бараат ниту пак му дозволуваат почести контакти со децата од апсурдните – секој втор викенд, всушност работат против доброто на своите деца.

Растењето не е лесна задача

Да се порасне како одговорна и внимателна, но независна личност не е лесна задача. Како што и не е лесно да се одгледа таква личност. Но без оглед на расата, возраста и полот, луѓето на чувството на отфрленост реагираат прилично предвидливо, со затварање во себе и со несигурност, особено кога се соочуваат со потешкотии. Секако дека е важна и врската на татковците со ќерките, самодовербата која на децата може да им ја даде поврзаноста и активниот однос со таткото е незаменлива и сосема различна од онаа со мајката. За синоивте е тоа уште поважен дел од растењето. Затоа, ако сте татко, обрнете внимание на советите за две важни активности кои можете да ги подобрите и кои можат да го унапредат вашиот однос со детето.

Работете заедно и негувајте ја блискоста

Планирајте заеднички активности со детето. Ништо не го подобрува односот како заедничката работа, заедничката цел, соработката и резултатите. Ако немате таква работа или спаѓате во оние кои никогаш немаат време за децата, понекогаш барем гответе заедно. И тоа е добра работа. Коментирајте ги случувањата со децата, нивните и вашите дневни настани, такашто ќе им влеете доверба во односот и придобивките кои ги имаат од нематеријалните работи, тоа ќе им биде многу скапоцено во текот на животот. Доколку пак не живеете со своето дете, борете се за да поминете со него колку што е можно повеќе време.

loading...