Татко го воодушевува интернет со трикови со кои одеднаш ги храни петорките (ВИДЕО)

Таткото на седум деца Чад Кемпел по раѓањето на петорките морал да смисли како да си го олесни секојдневјето. Година дена вложил во изработка на мебел и разни помагала благодарение на кои може наеднаш да ги нахрани своите петорки.

0
291

Петорките Линколн, Ноел, Грејсон, Престон и Габриела сега имаат 18 месеци, но и две постари ќерки, четиригодишната Савана и тригодишната Авери.

„Кога лекарот рекол дека слуша отчукувања на четири срца, а можеби дури и пет, не можевме да веруваме“, открил Чад кој поставил светски рекорд за најбрзо истрчан маратон со туркање на количка во која се наоѓале пет бебиња.

Откако неговата сопруга Еми во 2013. спонтано ги абортирала близнаците, веста дека чекаат петорки неизмерно ги израдувала.

Многу родители се борат со дневни предизвици на кои наидуваат со само едно дете па Чад и Еми одлучиле да почнат да снимаат влог во кој прикажуваат како тие излегуваат на крај со петорките.

„Веднаш ни беше јасно дека мораме да направиме голем простор за игра, место на кое ќе можат да престојуваат сите без опасност од повреди“, објаснил Чад.

Своето комбе го пренамениле во, како што го нарекуваат тоа, автобус за бебиња, во кој има и маса за пресоблекување, како и телевизор кои го гледаат поголемите деца, додека тие во текот на патувањето ги преслекуваат или ги хранат петте помали деца.

Компаниите продаваат помагала за повеќе деца, но цените се вртоглаво големи па одлучив некои работи да ги направи сам“, додал тој.

Така си ја олеснил работата креирајќи држачи за шишињата со кои сега можат да ги хранат сите деца наеднаш, како и маса на која ќе можат да ги седнат сите деца.

„Ќе ни требаа два и пол часа за да го нахраниме секое дете, едно по едно, а таман кога би завршиле, првото би било пак гладно. Сега ги легнуваме сите во нивните колевки и ги храниме одеднаш“, вели тој.

На неговите досетки им се восхитуваат бројни корисници на Јутјуб кои го следат од недела во недела и така и самите добиваат идеи со кои би можеле да си ги олеснат секојдневните обврски кои ги имаат околу децата.

loading...