Татко пишува книги во кој неговиот син кој е смртно болен го претворил во суперхерој

Откако Дарен Гарвуд слушнал ужасни вести за здравјето на својот син, одлучил да направи нешто за неговото дете да остане засекогаш запомнето.

0
478

На само девет месеци на Џексон Гарвуд му била дијагностицирана Крабова болест која предизвикува заостанатост, парализа, слепило, глувост и псеудобулбарна парализа. На неговите родители им е кажано дека веројатно нема да го доживее вториот роденден.

Дарен одлучил да го претвори својот син во суперјунак и до сега напишал и објавил десет книги за деца за својот син Џексон.

„По дијагнозата нашите животи се урнаа. Ни беше кажано дека нема да го дочека вториот роденден. Сакав да заспијам и никогаш да не се разбудам, но сопругата Ребека ме увери дека мораме да бидеме тука поради Џексон“, пишува Дарен.

Болеста на малиот Џексон му предизвикува гушење и напади и влијае на губењето на неговите развојни и моторички вештини.

Џексон нормално се развивал до 9.месец, а потоапрестанал да напредува и почнал да гизаборава веже усвоените вештини. Повеќе не можел сам да седи ниту да јаде.

„Одлучив да пишувам за Џексон суперхеројот, за да му читам и да му овозможам да фантазира“, додава Дарен.

Џексон ги надминал очекувањата на лекарите и го прославил петиот роденден.

„Слушнавме и за едно дете кое успеало да поживее до осмата година иако оваа болесте реткаи не постојат многу истражувања. Поради болеста Џексон ја загубил насмевката, но е среќен кога му читам. Можеби никогаш нема да оди, но порадимоите приказни трча маратони во сон. Сакам да знае дека сме сите тука за него и дека зад него ќе остане трага“, вели Дарен.

Фото: Фејсбук

loading...