Тешкиот развод на родителите трајно го нарушува здравјето на детето

Разводот на родителите не предизвикува само страдање во детството, туку и болежливост во подоцнежниот живот, покажува новата студија.

0
293

До ова откритие научниците дошле такашто намерно инфицирале со вирус на настинка 200 здрави возрасни лица (од кои 51 биле пораснати само со едниот родител, при што родителите меѓусебно не разговарале).

Потоа ги ставиле испитаниците во карантин на шест дена и чекале да видат кој од нив ќе се разболи.

Резултатите покажале дека децата на разведени родители кои меѓусебно не разговарале, имаат три пати поголем ризик да се разболат и во младоста и како возрасни. Од друга страна, кога разведените родители се во пристојни односи, ризикот од разболување не е ништо поголем отколку кај децата од успешните бракови.

„Тоа значи дека самото раздвојување од едниот родител не го зголемува ризикот, туку лошиот и грд развод“, вели Мајкл Марфи од универзитетот Карнеги Мелон.

Не постои идеален развод, но сигурно е дека многу работи зависат од тоа колку е тој стресен за детето. Научниците се согласуваат дека добрата комунукација и соработка помеѓу разведените родители е клучна за децата за да го пребродат овој тежок период со што помалку последици. За жал, во некои случаи тоа не е возможно, особено кога станува збор за семејно насилство.

Заклучок е дека во иднина треба да се посвети повеќе внимание на испитувањето на последиците од разводот и на начините да се намали ризикот за детското здравје.

Фото: Pixabey

loading...