Тинејџерка скокала на трамполина и останала парализирана

Тинејџерката Мери Мелони, која на 30 август почнала да скока на трамполина за да се забавува. Неколку часа подоцна таа била парализирана и можеби никогаш повеќе нема да оди.

0
368

Трамполината е прилично едноставно парче опрема што може да овозможи огромна забава. За жал, како и секоја активност што вклучува пркосење на гравитацијата, оваа забава може да биде доста опасна.

Тинејџерката Мери Мелони, која на 30 август почнала да скока на трамполина за да се забавува, беше убедена во тоа. Неколку часа подоцна таа била парализирана и можеби никогаш повеќе нема да оди.

Нејзината мајка Пем Сурано одлучила да проговори за скриените опасности кои демнат при скокањето на трамполина.

„И самата бев убедена дека тоа е безбедна активност, бидејќи има заштитна мрежа. Ќерка ми падна лошо. Чувствуваше болка во вратот, но не обрнуваше внимание. Влезе во куќата за да се избања мислејќи дека нејзините мускули ќе се опуштат, но ме повика затоа што не можеше да излезе од кадата“, рекла Пем за Today Show.

Лекарите два дена подоцна откриле дека го скршила ‘рбетот. Таа во моментов е во болница, неподвижна од градите надолу. Пем вели дека забележува позитивни знаци, но сепак е рано да се каже дали некогаш повторно ќе оди, пишува People.
Според National Electronic Injury Surveillance System, повеќе од 100.000 луѓе во САД секоја година се здобиваат со повреди предизвикани од скокање на трамполина. Од нив, дури 85% се повреди на деца.

Повеќето повреди вклучуваат скршени коски, иако траумите на главата и стомакот се исто така чести.

Фото: Фејсбук

loading...