Тинејџер доживеал мозочен удар поради играње игри

Петнаесетгодишно момче од Кина поминувало до 22 часа на ден играјќи компјутерски игри за време на карантинот, а тоа сега ќе остави трајни последици врз овој тинејџер

0
150

Месеци на нездрав начин на живот најверојатно ќе остават трајни последици врз 15-годишен тинејџер од Кина.

Имено, едно момче со прекар Кјаобин поминувало до 22 часа на ден играјќи компјутерски игри за време на карантинот.

Откако ненадејно се онесвестил, неговите родители го упатиле во болница во јужниот кинески град Нанинг. Таму било утврдено дека тој доживеал мозочен удар и дека останал делумно парализиран. Конкретно, тој не може да ја движи левата рака и експертите не знаат дали некогаш, и покрај рехабилитацијата, целосно ќе се опорави.

Бидејќи училиштата во Кина се затворени од февруари, момчето морало да биде дома, а мајката на Кјаобин рекла дека нејзиниот син го поминува поголемиот дел од времето во неговата соба. Ги уверувал дека присуствува на онлајн часови и дури подоцна откриле дека цело време играл игри.

„Тој ги затвори прозорците и ја заклучи вратата. Немавме претстава што прави”, им рекле родителите на новинарите, а мајката открила дека подоцна дознала што прави нејзиниот син: „Го видов неговиот разговор преку Интернет со пријателите. Тој им рече дека е уморен и дека спие максимум два часа на ден“.

Специјалистот за неврологија, д-р Ли, изјавил за локалните медиуми дека состојбата на момчето е веројатно предизвикана од нездрав начин на живот.

„Главната причина е тоа што спиел и јадел нередовно затоа што не беше на училиште. Неговите родители премногу го толерираа неговото однесување. Недостатокот на храна и на одмор доведоа до намалена количина на крв и кислород во неговиот мозок и предизвика мозочен удар”, објаснил докторот.

Зависноста од видео игри стана истакнат социјален проблем во Кина. Сѐ поголем број млади луѓе одбираат да го игнорираат своето школување, социјалниот живот и семејството за да пребаруваат на Интернет или да играат онлајн игри, наведува „Дејли Меил“.

Фото: Pexels

loading...