Тинејџер малтретирал врсничка, па татко ѝ му удрил заушка

Дванаесетгодишно дете во Тексас било во шок откако на враќање од училиште го начекал 37.годишниот Џејмс Пис и му удрил заушка затоа што детето ја малтретирало неговата ќерка. Што мислите вие за ова?

0
455

На 14.овој месец, на враќање од училиште, 12.годишно момче било удрено од 37.годишниот Џејмс Пис, кој подоцна изјавил дека го направил тоа затоа што детето ја малтретирало неговата ќерка.

Наводно, момчето ја нарекувал ќерката на Пис, травестит, ѝ велел дека има грдо тело и ја гаѓал со сладолед. Поради сето ова таткото на девојчето го фатил неподготвен и го удрил. Очевидец на настанот изјавил дека момчето во шок неподвижно стоело, а поминало со полесни повреди. Според полицискиот извештај, Пис му се заканил на детето дека ќе го претепа ако му каже некому што се случило.

Целиот инцидент го забележале надзорните камери на еден човек кој живеел во близина па полицијата сега ги проучува снимките. Има големи шанси човекот кој веќе има полициско досие да биде обвинет за напад на лице помладо од 15 години. Неговата сопруга изјавила дека не се согласува со постапката на сопругот.

Што мислите вие за ова и воопшто за родителите кои застануваат во одбрана на своите деца кога тие не можат да се вклопат во средината или пак се жртви на врсничко насилство?

Фото: Pixabey

loading...