Тинејџер се здобил со изгореници откако заспал со мобилниот во кревет

Ако сте и вие од оние кои заспиваат со мобилниот телефон закачен на полнач во 'вашите прегратки', бидете внимателни

0
157

Петнаесетгодишниот Колтон Пингри не  ни претпоставувал што ќе се случи кога, како и секоја вечер дотогаш, си легнал со својот мобилен телефон вечерта на 18-ти август. Својот уред го поврзал со полначот, а околу три часот наутро го разбудила експлозија што го запалила неговиот кревет.

Неговиот мобилен телефон експлодирал и сериозно го повредил. Сепак, со голи раце успеал да го изгасне огнот и да го фрли мобилниот телефон во тоалетот. Потоа го разбуди својот татко отец Ендрју.

„Ова е важно предупредување за сите родители. Ве молиме споделете го ова со вашите деца, семејството и пријателите. Мојот син Кол Пингри заспа со мобилниот телефон под него во кревет, беше вклучен во полнач. Околу три наутро тој експлодираше и го повреди, и креветот се запали. Колтон ќе биде добро благодарение на неговата брза реакција. Јас и самата секогаш заспивам во кревет. Нема повеќе“, напишала мајката на Кол, Шари Доулинг Пингри на Фејсбук, кадешто објавила и фотографии од повредите на нејзиниот син.
Колтон претрпел изгореници од втор степен и се опоравува од шокот.

Фото: Pexels; Фејсбук

loading...