Тој не е разгален, ниту невоспитан, ние само водиме битки за кои вие и не сонувате

Нашиот пат е тежок, полн со трње, камења и плевел, но пред сѐ - човечка глупост. Секој ден се борам со незнаење, предрасуди и осудувачки погледи.

0
790

Да, јас сум мајка на ова прекрасно „разгалено“ момче, кое честопати се однесува на јавно место „непристојно“: се фрла на подот, вреска, фрла работи околу себе, ја удира мајка му, ѝ ја гризе косата, ја каса.

Секојпат овие несакани „сцени“ добиваат публика, која ни посветува големо внимание, сите очи се насочени кон нас. Зад овие обвинувачки погледи, многу често ги слушам коментарите толку тивко упатени што ги слушам како гласно ми шепотат на уво: „Погледнете само како тоа дете ѝ е невоспитано“, „Погледни го тоа дерле“, „Бог да те сочува од вакво дете“, и така натаму. Во такви ситуации, јас останувам мирна, понекогаш го игнорирам неговото однесување, па не го задоволувам мнозинството од публиката, не сум хистерична, не паничам, во очите на собраната толпа станувам „безгрижна и нечувствителна мајка“.

Ме болат згрозените погледи од неупатената околина која го смета мојот прекрасен син за невозможен и за разгален, а тој е сѐ, само не тоа. Мојот син има аутизам.

Нашата публика не го гледа тоа. МНогу често го премолчувам тоа, затоа што ако го кажам зборот аутизам, публиката се разбегува со истата брзина како да сте кажале дека имате темпирана бомба!

Мојот син не зборува. Тој не е во состојба да ги изрази своите желби и потреби на начин на кој тоа го прават другите деца, но тоа не значи дека ги нема. Фрустриран, затоа што му е можеби топло, можеби е жеден или се плаши од нешто. Тоа никогаш не го знам ниту јас. Тој е дете како и сите други деца, но неговиот начин на комуникација се разликува од останатите. Има потреба да си игра со другите деца, во нивно друштво го прави истото што и тие, иако е во повеќето работи понеспретен од нив, но затоа во многу други е – многу подобар.

Тој не е болен, ниту е помалку вреден, тој е само „поинаков“, а да се биде поинаков не значи ништо освен токму тоа – дека сте поинакви.

Голема е убавината во секоја различност и токму тоа нас не прави посебни. Мојот син не се разбира во скапи играчки, нему не му значи ништо дали ќе му подарите нешто што чини цело богатство или едно мало автомобилче, затоа што тој предметите ги мери според сопствената мерка за убавина, а не според пазарната вредност.

Тој е најискреното дете што некогаш ќе го сретнете затоа што не ги разбира скриените намери, ќе ве прегрне со најтопла прегратка дури и ако воопшто не ве познава. Тој знае со часови само да гледа низ прозорец. Со часови може да им се воодушевува на гранките кои се нишаат на ветрот, да ги гледа облаците, птиците, авионите, многу преубави детали кои многу од нас веќе одамна не се во состојба да ги забелажат.

Се смее кога почнува да врне дожд, сака да лежи на трева: не се плаши од мравки, пајаци и останати инсекти, туку со задоволство ги држи во рака затоа што не знае што е тоа страв. Така слободно може да ужива во тоа.

Го забележува секое животно во своето опкружување, му приоѓа на секое куче или коњ и остварува со нив некој контакт кој не може ниту да се опише ниту да е разбере. Таа врска не знаат да ја објасна ниту најголеми умови на денешнината, но таа постои и јас често сум сведок на ова чудо.

Тој е едно совршено суштество, лесно остварува комуникација со природата и со сите живи суштества околу себе иако не го поседува oна што луѓето го сметаат за основно средство за комуникација, а тоа е – говорот.

Јас го сакам својот син безусловно токму таков каков што е, само моето мајчинство е многу потешко од вашето и јас имам стравови за кои многу мајки не ни сонуваат дека постојат.

Нашиот пат е тежок, полн со трње, камења и плевел, но пред сѐ – човечка глупост. Секој ден се борам со незнаење, предрасуди и осудувачки погледи.

Затоа ве молам сите кои следниот пат ќе видите мајка со дете кое се фрла на улица: не осудвајте туку погледнете малку подлабоко. Не е сѐ така како што изгледа.

Можеби токму таа „бесчувствителна“ мајка секој ден води битки за кои вие не ни сонувате. Упатете ѝ насмевка, понудете ѝ помош или едноставно продолжете понатаму и патем кажете ѝ: „Сите дева го прават тоа“.

Азра Љаиќ Пеказ, мајка на прекрасно аутистично дете

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Pixabey

loading...