Трансродна жена способна да го дои своето дете

Триесетгодишна трансродна жена која може да го дои своето дете е прв документиран случај на индуцирана лактација.

0
208

Лекарите велат дека случајот на трисетгодишната трансродова жена која може да го дои своето дете, покажува „скромна, но функционална лактација која може да се индуцира кај трансродовите жени“. Ова беше објавена во Transgender Health.

Тамар Рејсман од болницата „Mount Sinai“ во Њујорк, еден од лекарите кои го пријавиле случајот, рекол: „Трансродовата медицина станува дел од меjнстрим медицината.

Добиваме повеќе податоци базирани на докази, добиваме повеќе стандардизирана нега, добиваме повеќе репродуктивни опции. ”

Трансродовaта жена отишла на доктор кога нејзиниот партнер бил во петиот месец од бременоста.

Таа рекла дека нејзиниот партнер не сакал да го дои нивното дете, па затоа се надевала дека таа ќе може да ја преземе на себе одговорноста за тоа.
Рејсман и Зил Голдстајн напишале дека жената била третирана поради несоница и вознемиреност, но инаку била „пријатна и добро развиена жена“.

Пациентот земал хормонска терапија шест години, но немал родово прераспоредување или зголемување на градите пред да се обрати кај лекарите. Рејсман и Голдстајн ја користеле познатата рамка за која се знае дека доведува до лактација кај жените кои не доживеале бременост за да ја стимулираат лактацијата кај пациентот.

Пациентот добивал постепено зголемување на режимот на женските хормони прогестерон и естрадиол, го стимулирал градниот кош со пумпа за мајчино млеко и земал домаперидон, габични лекови за кои се знае дека го зголемуваат производството на млеко.

Домаперидон се користи на меѓународно ниво, но не е одобрен во САД, бидејќи во некои интравенозни случаи произведува срцеви аритмии, срцев застој и ненадејна смрт. Тој е лиценциран за лекување на мачнина во Велика Британија. Пациентот го добил лекот од Канада.

Рејсман вели дека со оптимизиран хормонски режим е можно да се индуцира лактација без домперидон, бидејќи стимулацијата на градите природно го зголемува хормонот за производство на мајчино млеко – пролактин.

Џошуа Сафер, ендокринолог во Медицинскиот центар во Бостон, кој не бил вклучен во случајот, изјавил за новинарите дека извештајот за овој случај е „многу голема работа“.

„Многу трансродови жени настојуваат да имаат колку што можат повеќе искуства како не-трансродовите жени, па можам да претпоставам дека ова ќе биде многу популарно“, рекол Сафер.

loading...