Треба ли на децата да им се каже дека се дебели?

И кај нас, но и ширум светот, се повеќе деца имаат вишок на килограми. Како да се постават  родителите и дали треба на детето да му кажат дека е дебело доколку тоа спаѓа во оваа група на деца?

0
206

Во последните 20 години, процентот на дебели луѓе во светот пораснал за 60 отсто. Факт е дека има и се повеќе деца кои имаат голем вишок на килограми. Тоа ги поттикнало стручњаците и родителите на дебата дали мајките и татковците би требало да интервенираат и да му кажат на детето дека е „дебело“ и ако е одговорот да, тогаш како е најдобро да ѝ се пријде на оваа тема.

Нутриционистката др.Џоана Мекмилан предупредува дека живееме во опкружување во кое на возрасните и на децата им е се потешко да ја контролираат килажата.

„Опкружни сме со она што сега се смета за нормално: високо обработена храна, грицки, седење на кауч и гледање телевизија или играње игрички наместо занимавање со некој спорт…многу е лесно да се претера во сето тоа“, истакнува таа.

Австралискиот советник за родителство др.Џастин Калсон вели дека мајките и татковците се дел од тој проблем.

„Кога ќе влезете во дневната соба на едно просечно семејство навечер, ќе видите дека и родителите се „залепени“ за екраните – ниту тие не се активни како што биле некогаш“, вели тој.

Кога станува збор за борбата со овој проблем, др.Карлсон верува дека работите не можете да ги подобрите такашто ќе ги влошите.

„Студиите покажуваат дека една од најлошите работи што можете да ги направите е да му кажете на детето дека е дебело. Децата на кои тоа им е кажано, имале многу поголеми шанси и натаму да имаат проблем со вишокот на килограми 10-15 години подоцна затоа што и самите почнуваат да веруваат во тоа и да ја прифаќаат дебелината“, смета тој.

Др.Карлсон додава дека е особено тешко да се разговара за тежината со девојчиоњата, затоа што, научно гледано, нив повеќе ги загрижува естетскиот изглед на телото, додека момчкињата се фокусирани на тоа што може нивното тело да направи физички.

„Многу поефикасен начин да се контролира телесната тежина е децата да се научат да водат активен животен стил – не мора секој ден да се јаде колач после ручекот, а би требало и да се занимаваат со спорт и да шетаат после вечера“.

И корисниците на Фејсбук дале свое мислење на оваа тема, а многумина сметаат дека родителите се виновни за дебелината на децата.

„Не морате да му кажете на детето дека е дебело, клучно е да го поддржувате. Пораснете и бидете родители, децата се премногу заштитени од грубата реалност“, е еден од коментарите на оваа тема.

Некои сметаат дека нема потреба до сето тоа воопшто и да дојде, ако родителите од самиот почеток го учат детето на здрави навики.

Нутриционистката др.Мекмилан вели дека е навистина важно децата да почнат на време да се учат за важноста на здравата исхрана, наместо да се фокусираме само на килажата.

„Учете ги децата за исхраната, за тоа колку е важно нивниот мозок да функционира добро во училиште, да имаат енергија за се што сакаат во текот на денот. Значи, ставете акцент на здравјето“, советува таа.

Освен тоа, вели, вие како родители, никогаш не би требало да зборувате за своето тело нешто грдо и негативно пред детето затоа што тоа може да создаде негативни асоцијации кон храната.

Двајцата експерти се согласни дека е најдобро максимално да го избегнувате разговорот за физичкиот изглед во тој контекст, а да истакнете дека здравата исхрана и физичката активност се важни за здравјето, академскииот успех и енергијата.

loading...