Треба ли на младите да им се забранат енергетските пијалоци?

Здравствените работници ги предупредуваат родителите да ги држат своите деца што подалеку од енергетските напитоци кои содржат високо ниво на кофеин

0
135

Популарноста на енергетските напитоци е голема, посебно меѓу младите. Кофеинот што го содржат овие напитоци е најчесто користена психоактивна дрога која го стимулира централниот нервен систем.

Токму затоа Здравствените работници ги предупредуваат родителите да ги држат своите деца што подалеку од енергетските напитоци кои содржат високо ниво на кофеин.

Пред помалку од месец, британската влада иницираше забрана за продажба на енергетски напитоци на лица помлади од 16 години. Претседателот на британскиот Кралски институт за педијатрија и здравје на децата Расел Винер истакнува дека малку се знае за тоа во која мера е безбедна консумацијата на енергетските пијалоци кога станува збор за млад организам.

Истата иницијатива минатата година ја упатила и хрватските парламентарци. Барале измена на законот за угостителска дејност и трговија за да им се забрани на малолетниците  до 18 години купување на енергетски пијалоци, како што е тоа случај со алкохолот и тутунските производи.

Дека енергетските напитоци се опасни за младите, предупредуваат и кардиолозите.

Содржината на кофеин во нив е до неколку стотици пати поголема од онаа во шолја кафе, а тоа е стравично. Според резултатите на канадската студија која е спроведена на 2.055 млади на возраст од 12 до 24 години, дури 55,4 отсто испитаници кои консумирале енергетски пијалоци се жалеле на различни здравствени проблеми.

Некои од нив, 18 отсто, се жалеле на главоболка, пет отсто повраќале, 3,6 отсто чувствувале болка во градите, а кај 0,2 отсто случаи се забележани епилептични напади.

Фото: Pixabey

loading...