Тригодишник и неговата сестра се искачија на планина висока 3308 метри

Минатиот месец (јули), две деца на возраст од 3 и 7 години се искачија на Пиз Бадиле на границата на Швајцарија и Италија со своите родители, кои се професионални алпинисти. Би направиле ли нешто слично?

0
238

Две децата на возраст од 3 и 7 години станаа светски рекордери откако се искачија на врвот на Пиз Бадила, планина висока 3030 метри на швајцарско-италијанската граница. Седумгодишната Фреја е најмладата личност која се искачила на планината, а нејзиниот помал брат Џексон стана најмладата личност што го достигна врвот.

Оваа авантура ја воделе нивните родители Лео Хулдинг (40), кој се искачувал на некои од најопасните врвови на Земјата, а неговата сопруга Џесика (41) е општ лекар, но и страствен алпинист.

Сега нивните две деца ги следат нивните стапки. Имено, Фреја која неодамна наполнила седум години се искачила сосема сама, вклучувајќи го и пешачењето, а малиот Џексон кој тежи околу 15 килограми, го носела неговата мајка. Лео ја носел целата опрема за кампување и храната, кои тежеле „малку повеќе“.

 

Лео за Скај Њуз изјавил дека бил свесен дека се на опасна прошетка, но во ниту еден момент не почувствувал дека работите излегуваат од контрола.

На крајот на патувањето, родителите ги наградиле децата со слатки, и кажале дека немаат намера да застанат тука, туку планираат неколкудневно планинарење во Црна Гора.

Фото: Фејсбук

loading...