Трикови за полесно породување: 6 урми на ден?

Се одлучивте за природно породување, но се плашите? Нема потреба, постојат некои насоки и трикови кои можат да ви помогнат за да си обезбедите полесно породување.

0
249

Можете да си обезбедите таканаречена дула или да одите на часови, предавања и вежби за трудници. Но тоа не е единственото што можете да го направите за да си ги поправите шасните за полесно и пократко породување. Некои можете да почнете да ги применувате во последното тримесечје.

Урми

Истражувањето објавено во списанието за гинекологија и акушерство (Journal of Obstetrics and Gynaecology) покажало дека жените кои во текот на бременост јаделе урми многу веројатно ќе имаат многу полесно породување од оние кои не ги консумирале. Нема да имаат потреба од лекови, а повеќето ќе бидат подобро отворени пред породувањето и ќе се пораќаат во просек 7 часа пократко. Се препорачуваат, во нормална бременост, 6 урми на ден.

Вежби и јакнење на нозете

За секоја трудница и за полесно породување, поточно, за да биде физички поподготвена. Жените кои вежбале пред и во текот на бременоста обично имаат пократко породување.

Со вежбање ја зголемувате издржливоста и полесно ќе го поднесете породувањето. Шетајте, пливајте или посетувајте часови/вежби за трудници (секако ако ова ви го одобри  вашиот гинеколог).

Во вежбите е важно јакнењето на нозете. Би требало да стоите  затоа што така ќе го забрзате доаѓањето на бебето кога ќе почнат вистинските контракции. Затоа ви требаат силни нозе. Вежба за ова се лесни клекови, но со благо раширени нозе. Можете да ставите и топка на долниот дел од грбот и да застанете до ѕидот потпирајќи се на топката, па полека спуштајте се надолу движејќи ја и топката, па кревајте се повторно нагоре. Повторете ја оваа вежба 2-3 пати.

Часови

Посебни часови за трудници на кои ќе ве запознаат со породувањето, но и со тоа што ве чека кога бебето ќе дојде на свет. Многу жени велат дека им помогнале и им го олеснае породувањето, а обично во рамките на ваквите часови се организираат и лесни вежби за трудници.

Повеќе сон

Задолжително треба да спиете повеќе од 7 часа, посебно во последниот месец од бременоста затоа што жените кои спиеле помалку од тоа, според статистичките податоци, имале породување кое било подолго и за 11 часа.

Лежечка полошба и дишење

Ако имате претпородилни контракции тогаш е подобро да одите ако можете, затоа што гравитацијата работи во ваша корист. Можете да стоите, да клечите, па и да правите клекови (секако, лесни и под надзор на стручно лице).

Една од важните работи е и правилното дишење. Може да ви помогне да се фокусирате па помалку да мислите на болките и да внесувате повеќе кислород.

И не се плашете, секое породување поминува и секако, вредно е за трудот.

Фото: Pexels

loading...