Трик на една воспитувачка со кој ги учи децата да си го бришат задникот

Една воспитувачка смислила трик со чија помош може да им помогне и на децата и на родителите. Нејзиното видео во кое покажува со помош на балони како да си го избришат задникот, станало вирален хит.

0
589

Многу родители знаат колку е тешко да се одвикне детето од пелени и да се научи да врши мала и голема нужда на нокшир. Не само што треба да го научите како да седи, туку и да го научите како да одржува хигиена. Но, постојат трикови кои можат да ви помогнат во тоа.

Една воспитувачка смислила трик со чија помош може да им помогне и на децата и на родителите. Нејзиното видео во кое покажува со помош на балони како да си го избришат задникот, стана вирален хит.

На видеото можете да видите како воспитувачката врзала два балона на задниот дел од столот и како минува со марамче помеѓу нив. Децата седат на идентични столици со врзани балони и внимателно ја гледаат.
Иако не е познато која е воспитувачката, од каде е и колку години имаат децата, Американците започнале да го споделуваат ова видео бидејќи од американските деца од предучилишна возраст се очекува сами да користат тоалет од тригодишна возраст.

„Сите знаеме дека малите деца едвај го бришат задникот правилно и попрво ќе ги послушаат своите воспитувачи или учители, наместо нивните родители, па мислам дека ова е одлична идеја“, е еден од коментарите на Твитер. Ако вашето дете исто така чека да ја совлада оваа вештина што ќе му треба за цел живот, пробајте ја оваа идеја, може да успее.

 

loading...