Уништени повеќе од 4.000 јајца и ембриони во Клиника за плодност во Кливленд

Повеќе од 4.000 јајца и ембриони биле погодени од дефектот на замрзнувачот, речиси двојно повеќе отколку што се мислело првично. Многу е мала веројатноста некои од нив да се се уште животоспособни.

0
284

Од клиниката за плодност од Охајо велат дека повеќе од 4.000 јајца и ембриони биле погодени од дефектот на замрзнувачот, речиси двојно повеќе отколку што се мислело првично – и дека е мала веројатноста некои од нив да се се уште животоспособни.

Исто така, од клиниката за плодност во универзитетските болници, велат дека околу 950 семејства биле погодени од грешката на резервоарот претходно овој месец. Во тоа време, од објектот во Кливленд изјавиле дека веруваат дека со ова биле погодени околу 700 семејства.

Во писмото кое во понеделникот било испратено до семејствата, а од СИ ЕН ЕН објавено во вторникот, Универзитетските болници соопштуваат дека со тешко срце ги споделуваат ажурираните информации.

„Техничкиот начин на кој јајцата и ембрионите се чуваат во овие замрзнувачи го комплицираа нашето првично одредување колку пациенти и примероци се погодени”, се вели во писмото.

Во времето на случувањето, клиниката соопштила дека не може веднаш да утврди дали некое од јајцата и ембрионите се се уште животоспособни. Но во писмото оваа недела, велат: „Со скршени срца ви соопштуваме дека тоа е многу малку веројатно“.

Причини за несреќата

Несреќата настанала кога температурите во резервоарот за складирање течен азот, кадешто биле складирани јајцата и ембрионите, неочекувано варирала.

Истрагата открила дека далечинскиот алармен систем на резервоарот, дизајниран да ги алармира вработените за отстапувањата и промените во температурата, бил исклучен.

„Не знаеме кога бил исклучен алармот, но тој викенд бил надвор од функција, такашто не е испратено предупредување до нашиот вработен, кога температурата во резервоарот почна да расте во саботата вечер, кога во лабораторијата нема вработени“, се вели во писмото.

„Алармот требаше да биде испратен и примен. Не знаеме кој го исклучил далечинскиот аларм, ниту, пак, знаеме колку долго бил исклучен. Се уште ги бараме тие одговори.

Со резервоарот за кој станува збор имаше тешкотии неколку недели пред да се случи ова. Имаше проблеми со автоматското полнење на течен азот во резервоарот, такашто вработените мораа рачно да го полнат“, велат во писмото.

Оттаму велат дека во време на несреќата, веќе работеле со производителот на резервоарот на тоа како да се поправи проблемот. Во меѓувреме, требало да почне и процесот на пренесување на сите примероци во друг резервоар на неколку недели – иако кога се случила несреќата, примероците сè уште не биле преместени.

„Кога последен пат ги проверивме нивоата на азот пред несреќата, тие се покажаа како соодветни, но сега се сомневаме дека можеби не било така.

Се уште не знаеме дали ваквиот процес на полнење може да го објасни порастот на температурата во текот на викендот”, се вели во писмото.

Одговорност

Универзитетските болници велат дека ја преземаат одговорноста за дефектот и дека им е жал што е предизвикана ваква катастрофална загуба.

Тие им понудиле на своите пациенти прилагодени медицински услуги. Исто така, ветиле дека ќе ги вратат средствата кои биле платени за складирање и ќе се откажат од надоместоците за складирање следните седум години.

Сега се поставени нови резервоари и нови алармни системи, додаваат тие.

„Знаеме дека зборовите не се доволни. Сега за нас мораат да зборуваат нашите активности. Се надеваме дека ќе ја вратиме вашата доверба во нас”, се вели во писмото.

loading...