Училишниот ручек е тајна на доброто здравје на децата во Јапонија

Јапонија е развиена земја која бележи одлични резултати во поглед на здравјето и исхраната на децата, а тајната на успехот е во училишниот ручек, пишува Франс прес по повод денешниот извештај на УНИЦЕФ.

0
186

Според податоците на УНИЦЕФ, Јапонија е водечка земја кога станува збор за здравјето на децата, со ниска стапка на смртност, мал број на дебели деца и многу мал број деца кои страдаат поради недоволната тежина.

Стручњаците тврдат декаво игра се неколку фактори – вниманието кое Јапонците му го посветуваат на здравјето, редовните лекарски прегледи на децата, но посебно училишниот ручек.

За менито на училишниот ручек одлучуват нутриционистите и тој оброк се служи во сите основни училишта и во повеќето средни училишта во Јапонија, објаснува педијатарот и професор на токискиот универзитет Мицухико Хара.

Ручекот во училиште е задолжителен и не е дозволено учениците да си носат ужина. Повеќето од тие оброци не се бесплатни, но се значително субвенционирани.

Официјалните лица од јапонското министерство за здравје објаснуваат дека училишниот ручек ги надокнадува сите нутритивни елементи кои недостасуваат во исхраната на децата дома.

Тие оброци се значајни и во едукацијата на децата бидејќи дневно преку разглас учениците се известуваат што имаат за ручек и поради што е тоа добро за нив.

Во основните училишта учениците мораат да го стават она што го јадат во различни категории учејќи се на тој начин да ги разликуваат видовите намирници.

Праксата на задолжителниот ручек во Јапонија постои од 1889.година кога државата им делела оризови бомбици и риба на децата од посиромашните семејства во префектурата Јамагато, на север од архипелагот. Потоа таа програма се проширила на цела Јапонија, особено после Втората светска војна.

Покрај добрите навики во исхраната и севста за значењето на здравата храна, стручњаците го свртуваат вниманието и на тоа дека Јапонија е една од ретките земји кои посветуваат големо внимание на годишните времиња, односно, консумирањето намирници кои успеваат во одредена сезона.

Јапонија има една од најниските стапки на смртност кај новороденчињата, а бројот на деца со прекумерна тежина или дебели деца од 5 до 19 години е 14,42 отсто, што е значително помалку отколку во повеќето други развиени земји.

По овој критериум, САД се на врвот од листата на УНИЦЕФ со 41,86 отсто, додека на пример Италија има стапка од 36,87 отсто, а Франција – 30,09 отсто.

Порастот на бројот на дебели деца е феномен кој ја погодува и Јапонија, почесто помеѓу сиромашните семејства кои настојувајќи да ги намалат трошоците на исхрана, на децата им служат оброци со повеќе јаглени хидрати, а помалку протеини.

Фото: Pexels

loading...