Училиштето „Димитар Влахов“ ќе ја добие првата „Сензорна градина“

Градините од ваков тип се безбеден простор за лицата со оштетен вид и се користат за да ги вежбаат своите физички вештини кои им се потребни во секојдневјето

0
30

Првата „Сензорна градина“ во Македонија ќе биде отворена во училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје. Сензорната градина, која се наоѓа на отворен простор ќе го унапреди наставниот процес, а ќе им помогне дополнително и на наставниците и учениците.

Проектот е покренат од Американската стопанска комора во Македонија – AmCham, а Цементарница УСЈЕ е една од компаниите кои го поддржаа истиот. На денот на одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија – 8 септември, AmCham во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли заедно со сопругата и претставници на бизнис секторот помагајќи ја последната фаза од реализацијата на овој проект, засадија 25 садници, кои ги донираше УСЈЕ.

Градините од ваков тип се безбеден простор за лицата со оштетен вид и се користат за да ги вежбаат своите физички вештини кои им се потребни во секојдневјето: одење по нерамна земја и други различни материјали како песок и камен, допирање и мирисање, преку кои се препознаваат различни растенија, материјали и текстури, а истовремено се работи и со слух, со цел полесно да се идентификуваат и разликуваат различните секојдневни звуци.

Нашата заложба да бидеме дел од проекти од јавен интерес е континуирана и е дел од нашето секојдневно работење. Горди сме што сме дел од овој проект бидејќи тоа за нас не е прашање само на добра волја туки наша обврска. УСЈЕ веќе неколку години по ред континуирано ги поддржува училиштата, и се надеваме дека ќе продолжиме во истиот правец“ – изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ.

Усје во континуитет поддржува проекти што се во насока на унапредување на состојбите во локалната заедница. Во сегментот на едукација и подобрување на условите на најмладите осум години УСЈЕ спроведува преокт „Партнерство со училиштата“, со што се опфатени осум основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби и две градинки лоцирани во четири различни објекти со 6650 деца и 671 вработени, на територијата на општината Кисела Вода

loading...