Уште една морничава суицидална игра стаса во Европа

Момо е нова вознемирувачка игричка која се шири по пат на популарната апликација за размена на пораки - WhatsApp.

0
694

Аргентинската полиција се сомнева дека оваа игричка е поврзана со самоубиството на 12.годишно девојче и издала предупредување сите родители да внимаваат на своите деца.

Девојчето од Аргентина пред самоубиството ги снимало своите активности, а откако си го одзела животот, полицијата нашла пораки. Сега трагаат по 18.годишник за кој се сомнева дека го запознал девојчето преку интернет.

Момо е кукла со големи очи и долга, црна коса, од јапонскиот уметник Мидори Хајаши кој не се поврзува со играта.

Морничавата игра почнала да се шири низ светот такашто корисниците на апликацијата WhatsApp почнале да комуницираат со непознати броеви. Многу брзо почнале да ми стасуваат насилни слики, пораки и закани.

Слична игра се појавила во 2017. година во Русија. Заради „Синиот кит“ животот си го одзеле повеќе од 130 млади на возраст од 10 до 16 години. Засега играта се појавила во мексико, Аргентина, Америка, Франција и Германија, а предупредување за родителите издала и шпанската полиција. Им советуваат на корисниците на WhatsApp да ги игнорираат пораките од непознатоте броеви.

loading...