Фарми за дебелеење на малолетнички кои ги подготвуваат за брак

Африканските племиња и воопшто, африканското општество често имаат необични традиции, а некои од нив се „сексуалното прочистување“, односно, принудување на малолетнички на што повеќе сексуални односи после првата менструација, но и прекумерно хранење на девојчиња за да станат дебели и посакувани за брак

0
816

Една од африканските традиции со кои се очекува од младите жени од Малави, Кенија и Уганда, да имаат повеќе сексуални односи после првата менструација, смртта на мажот или после абортус е позната како сексуално прочистување.

Уште една вознемирувачка традиција е ритуалното сакатење на женските надворешни гениталии со кое жената и службено „станува жена“.

За овие традиции можеби сте слушнале и претходно, но постојат уште некои помалку познати обичаи кои се еднакво шокантни, на пример, „leblouh“.

Се практикува во руралното подрачје на Мавританија, Западна Сахара и Мароко, а станува збор за процес во кој девојките со прекумерно хранење се подготвуваат за брак. Подебелите жени во овие делови од Африка се сметаат за поатрактивни и побогати жени, додека оние слабите се практично, помалку вредни и недоволно добри за брак. Овој обичај никогаш не е официјално забранет, па се практикува и ден денес.

Жртвите на овој обичај обично се испраќаат во „кампови“ кадешто ги тераат да внесуваат дневно илјадници и илјадници калории. Многу од нив поради тоа подоцна се разболуваат и имаат сериозни здравствени проблеми со крвниот притисок и генерално, со болести на крвниот систем. Девојките кои нема да го изедат она што им го даваат се физички казнувани. Количините на храна која мораат да ја изедат се ненормални дури и за покрупни возрасни мажи. Чеесто внесуваат и до 16 илјади калории дневно па заради тоа константно повраќаат.

Што јадат?

За појадок на пример, добиваат парчиња леб натопени во маслиново масло, понекогаш во млеко од камила. Потоа имаат уште неколку оброци во кои јадат поголеми количини леб, козјо месо, смокви, кус кус, уште млеко… После оброците забрането им е да имаат било каква физичка активност.

Повеќето денови мораат да ги поминуваат одмарајќи се за да се здебелат што повеќе и што побрзо.

Жртвите на ваквите кампови, познати и како „фарми на масти“, многу често се малолетнички. Меѓу нив има и девојчиња од 13 години кои ги подготвуваат за брак.

Фото: YouTube screenshot

loading...