Храна за подобра плодност

Многу двојки имаат нарушен ацидо-базен сооднос во организмот, во корист на киселото, што исто така може да предизвика стерилитет. Од храната што ја јадете, киселоста најмногу ја зголемуваат месото и млечните производи, газираните пијалоци и рафинираните производи од шеќер, затоа не претерувајте со нив.

0
157

Храната и плодноста се поврзани многу едноставно: „Потребни ви се здрави јајце клетки и здрава сперма, но и добра состојба на организмот за да се случи оплодување и фетусот да се развие правилно. За да го постигнете сето ова, потребна ви е посебна исхрана“, објаснува Зита Вест, британска нутриционистка. Таа вели дека треба да следите четири основни правила на исхрана, бидејќи ќе имате повеќе придобивки – ќе го подобрите здравјето на репродуктивните органи, ќе го намалите стресот на минимум и ќе му ги обезбедите на организмот сите потребни хранливи материи. Пред да се префрлите на новиот начин на исхрана, потребно е да направите четиридневна детоксикација.

Еве што треба да консумирате и кои се четирите основни правила на исхрана:

Храна богата со омега-3 киселини. Тука спаѓаат масни риби како скуша, харинга, сардини или лосос, кој е и одличен извор на витамин Д и треба да го јадете два или три пати неделно. Други намирници што содржат здрави масти се авокадо, ореви, семки од тиква и семе од лен. Омега-3 масните киселини влијаат на подобрата пропустливост на клеточните мембрани, вклучувајќи ги и јајце клетките.

Варен зеленчук. Традиционалната кинеска медицина истакнува дека топлата храна ја поттикнува плодноста, а премногу сирова храна ја отежнува работата на органите за варење, особено навечер. Затоа е најдобро зеленчукот да го сварите на пареа.

Млечни производи. Чаша или две полномасно млеко на ден има корисен ефект врз јајниците. Може да земете и јогурт и сирење со полни маснотии, бидејќи на вашето тело му требаат и малку маснотии за да ги апсорбираат хранливите материи важни за плодноста.

Четири дена детоксикација. Ригорозни диети не доаѓаат предвид кога сакате да останете бремени, а четиридневната диета на Зита сигурно не се рангира меѓу нив. Напротив, брзата и ефикасна детоксикација на телото е осмислена за да го подготви вашето тело за новиот начин на хранење на најоптимален начин. Правилното производство на хормони и дигестивниот систем се тесно поврзани, и ако органите за варење работат на вистински начин, хормоните ќе се лачат како што треба.

Првиот, вториот, третиот и четвртиот ден јадете зеленчук (кое било), овошје (сè освен сушено), свежи зачински билки (власец, магдонос и коријандер, кои се природни средства за чистење на телото), грав (леќа), цели зрна (житарици со овес, ‘рж и јачмен, никако со пченица, и интегрален ориз), јаткасти плодови, семиња и масло од семиња, млеко од растително потекло (соја или ориз), овошни и билни чаеви, минерална вода. Вклучете во исхраната бела риба, бело месо (пилешко и мисирка), јајца, јогурт, мед, јатки (претежно бадеми, бразилски ореви и ореви) и суво овошје.

Што треба да јаде ТОЈ? Цитруси. Тие се богати со витамин Ц, антиоксиданс број еден. Сперматозоидите се погодени и од оштетување предизвикано од слободните радикали во телото, а тоа најмногу се рефлектира во нивното згуснување, кога на сперматозоидите им е тешко да се одделат од мноштвото и да ја оплодат јајце клетката. Како превенција, освен цитруси, мажите треба да јадат киви, капини, црвени пиперки и брокула.

Бразилски орев. Содржи витамин Е, најважниот антиоксиданс за сперматозоидите, а исто така е богат со селен, што е клучно за правилно формирање на сперматозоидите.

Семки од тиква. Тие се најдобриот извор на цинк, чиј недостаток во организмот влијае на опаѓање на тестостеронот и бројот на сперматозоиди. Овој минерал се наоѓа во семената течност и семената плазма и е тесно поврзан со густината и зачувувањето на спермата. Цинкот се наоѓа и во месото, особено во пилешкото, но бидејќи е класифицирано како кисела храна, треба да биде ограничено на помали порции.

Базни (алкални намирници)

Многу парови имаат нарушен pH фактор во телото, т.е. ацидо-базен сооднос, во корист на киселините, што исто така може да предизвика стерилитет. Истражувањата покажаа дека високо ниво на киселост во матката го запира всадувањето на оплодената јајце клетка. Од храната што ја јадете, киселоста најмногу ја зголемуваат месото и млечните производи, газираните пијалоци и рафинираните производи од шеќер, затоа не претерувајте со нив.

Овошјето и зеленчукот ја намалуваат киселоста. Вистинската мерка е – 80 проценти од алкални намирници и 20 проценти од кисели.

Антиоксиданси. Обидете се да јадете што повеќе шарено овошје и зеленчук секој ден. Овошјето и зеленчукот во различна боја, исто така, содржат различни видови на антиоксиданти.

Храна со низок гликениски индекс. Студија на научници од Харвард покажа дека жените кои јадат храна со висок ГИ (гликемиски индекс) имаат 92% поголеми шанси за отсуство на овулација во споредба со оние кои јадат храна со низок ГИ. Во исто време, високото ниво на шеќер во крвта ќе влоши многу болести на репродуктивните органи, како што се полицистични јајници. Држете се до храна со низок ГИ, базни јаглехидрати, како што се бел компир, овес, интегрални тестенини и интегрален леб. И избегнувајте јадење јаглехидрати навечер.

Подобро варење. Ако имате лошо варење, телото нема да апсорбира хранливи материи од храната што ја јадете и најздравите состојки само ќе поминат низ цревата. Одвојте доволно време за оброците, опуштете се, јадете полека и џвакајте долго време. Најдобро би било вашиот главен и најобилен оброк да биде појадокот, бидејќи дигестивниот систем е најфункционален наутро и да ги намалувате порциите во текот на денот.

Фото: Pexels

loading...