Четири вештини кои детето може да ги научи само во градинка

Зависно од тоа што правело вашето дете пред да оди во градинка, ова се некои работи кои би можеле да претставуваат возбудливи предизвици за вас како родители.

0
427

Некои деца ќе бидат емпатични и заинтересирани за вашето дете, други ќе бидат непријателски настроени и агресивни. Вашето дете ќе научи за социјализацијата повеќе за тие неколку часа во градинка отколку што научиле во целиот живот дотогаш.

Зависно од тоа што правело вашето дете пред да тргне во градинка, ова се некои работи кои би можеле да претставуваат возбудливи предизвици за вас како родители, но и за детето:

Соочување без родителите или браќата и сестрите

Моите деца навистина уживаат во тоа да ги имаат родителите и браќата околу себе па за секое од нив градинката беше голема промена. Промена на рутината, но и соочување со нови искуства без луѓето кои дотогаш биле клучни лица во нивната социјална интеракција и емоционална потпора. За среќа, ги предвидовме овие работи и им обезбедивме на децата веме поминато без нас и без нивната вообичаена „мрежа“ на поддршка такашто градинката не им беше толку голем шок, но сеедно беше потребно прилагодување.

Слушање и реагирање на вербалното усмерување и наредбите

Има деца кои се навистина успешни во рутината дома и биле успешен пример на постаро дете без многу инструкции. Но во градинка, децата главно добиваат инструкции од воспитувачите и го прават она што го прават и другите деца и тоа изгледа како една од клучните работи со се среќаваат децата во градинка.

Социјализација

Некои деца ќе бидат емпатични и заинтересирани за вашето дете, други ќе бидатнепријателски настроени и агресивни. Вашето дете ќе научи за социјализацијата повеќе за тие неколку часа во градинка отколку што научиле во целиот живот дотогаш.

И секогаш кога разговарав со децата за нивниот ден, социјализацијата и односите со другите деца и воспитувачите без на врвот од темите за кои тие сакаа да разговараат.

Промени и независност

Дел од она за што децата учат е и како да донесат вистинска одлука, на илјада мали начини, многу пати во денот. Воспитачите ќе им овозможат да „одберат“ да слушаат, да следат основни инструкции и да се прилагодат а свој начин. Голем предизвик претставуваат и разни активности за деца и зависно од тоа какви се дома, ќе дојде или нема да дојде до мали натегања помеѓу детето и воспитувачот или другите деца.

Фото: Pixabey

loading...