Четири најчести причини за развод денес

Причините заради кои двајца одлучуваат да го прекинат бракот се сменија. Некогаш, главниот фактор што влијае дали бракот ќе биде успешен или не, било однесувањето на сопружниците, а сега тоа е нешто друго…

0
165

Никој не стапува во брак мислејќи дека ќе се разведе. На денот на вашата венчавка, се колнете дека ќе останете со вашиот партнер во добро и во лошо. Но, за жал, без разлика со колку љубов и ветување двојката влегува во брак, изгледа дека се може да се „расипе“, па паровите се разведуваат од многу, многу причини.
Интригантна нова студија за луѓе кои неодамна се развеле, подетално испитала некои од причините за развод, расветлувајќи ги најчестите фактори што ги наведуваат паровите за да тргнат по својот пат.

Емоциите се клучни

Студијата, објавена во Journal of Sex & Marital Therapy, испитувала 2.371 неодамна разведени лица, барајќи од нив да изберат повеќе од една причина за развод.

Повеќето учесници, 47 проценти од нив, одговориле дека причината за разводот е недостатокот на љубов или интимност.

Втората најчеста причина се проблемите со комуникацијата. Околу 44 проценти од учесниците го избрале овој одговор. Истражувачите објасниле дека ова може да значи дека секој брачен другар има различен стил на комуникација, или дека едниот повеќе сака да комуницира од другиот.

На трето место е недостатокот на сочувство, почит или доверба, така што 34 проценти од учесниците ја избрале оваа причина. Патем, оваа причина се искачила од четвртото на третото место, а истражувачите објасниле дека тоа може да значи дека секој брачен другар развил различни вредности од оние што другиот ги очекувал кога се упатиле кон олтарот.

Што велат истражувачите за новите причини за развод?

Авторите на оваа нова студија посочиле дека одговорите дадени од учесниците биле емоционални и лични, додека причините заради кои луѓето се разведувале во последниве години типично се базираат на однесувањето на сопружниците.

– Четирите најчесто споменати мотиви на испитаниците во нашата студија може да се смета дека ги одразуваат романтичните, емоционалните и меѓучовечките аспекти на поранешната врска. Според тоа, овие наоди се сметаат за поддршка на неодамнешните наоди од истражувањата дека мотивите за однесување, како што се насилството и зависноста, се намалиле со текот на времето, додека психолошките и емоционалните мотиви за развод се зголемиле. Во суштина, живееме во ера кога личното задоволство е важно – и ако бракот не не задоволува затоа што не се чувствуваме како да сме на иста страна со партнерот или романсата исчезнаала, тогаш разводот е поприфатлива опција.

Како да му се даде шанса на бракот

И кои се сигналите на кои сопружниците треба да обрнат внимание, за да имаат подобри шанси да го зачуваат бракот?

„Ако не сте задоволни, ако сте малку време во друштво на вашиот партнер или забележите значителни промени во врската, обрнете внимание – тоа може да биде аларм – вели Рејчел Идл, ко -директорка на Институтот за модерна секс терапија на клиника во Флорида.
– Други знаци на предупредување: станувате помалку љубезни кон партнерот, а тој кон вас, поминувате се помалку време заедно, меѓусебно се оградувате, премолчувате многу работи или почнувате да мислите лошо за вашиот партнер – вели д -р Идл и советува:

– За да ги спречите овие проблеми, поминете најмалку 10 минути дневно поврзувајќи се. Ова не значи разговор за работа или деца, туку станува збор за продолжување на запознавањето, размена на чувства или искуства или само за тоа да бидеме навистина присутни кога сме заедно. Разговарајте со вашиот партнер за тоа како се чувствувате во врската, што ви треба и кажете што цените еден кај друг. Целта е да го натерате брачниот другар навистина да ве слуша, но и вие да го слушнете него, да ве натера да чувствувате и двајцата дека сте ценети, што пак го одржува бракот задоволителен и исполнет.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]