Чувајте го бебешкото масло подалеку од дофатот на децата

Една мајка со застрашувачко предупредување откако нејзиниот син се напил од бебешкото масло: Дали некој некогаш ви кажал колку е потенцијално опасно маслото за бебиња и дека спаѓа во истата категорија со моторното масло?

0
89

ЏинаЏој Инграхам одлучила да проговори за лекцијата што ја научила после еден инцидент што не го очекувала. Нејзиниот син Грејсен завршил на Ургентно пред година и пол, на возраст од 18 месеци.

ЏинаЏој за Fabulous раскажала како нејзиното дете неочекувано го зграпчило шишенцето со бебешко масло и се напило малку.

Таткото Кејси веднаш го забележал и му го зел шишето од рака. Грејсон се намуртил како да не му се допаѓа вкусот и никој не очекувал никакви последици.
Сепак, неговото однесување драстично се променило. Станал летаргичен и заспал седејќи на стол.

„Кога го зедовме во раце, тој беше во несвест. Веднаш повикавме брза помош и ни рекоа да одиме во одделот за труење. Тогаш почнав да паничам. Ни кажаа дека на Грејсен треба да му ги снимат белите дробови за да проверат дали маслото завршило таму“, рекла таа.

Лекарите им кажале дека маслото за бебиња може да биде неверојатно опасно, а многу родители не го знаат тоа.
За среќа, Грејсен целосно се опоравил по 24 часа набљудување.

„Дали некој некогаш ви кажал колку е потенцијално опасно маслото за бебиња? Повеќето родители го чуваат на масичката за пресобекување на бебето и немаат идеја дека спаѓа во истата категорија со моторното масло. На крајот на краиштата, излезе дека навистина имавме среќа, но сега сакам да ги предупредам другите родители да го чуваат маслото за бебиња подалеку од дофатот на децата“, заклучила таа.

Каде го чувате вие бебешкото масло? Дали некогаш ви се случило нешто слично?

Фото: Фејсбук

loading...