Чуден случај на деца кои развиле антитела на коронавирус без позитивен тест

Истражувачите сметаат дека овие деца од австралискиот град Мелбурн биле инфицирани од своите родители со вирусот, но нивниот имунолошки систем некако е способен да создаде антивирусен одговор кој е многу ефикасен во спречување на размножувањето на вирусот. Тој одговор бил толку ефективен, што ја спуштил присутноста на вирусот на толку ниско ниво што неговото присуство не се детектирало дури ни со ПЦР-тестирањето.

0
234

„Тоа беше неверојатно бидејќи тие поминаа една и пол недела со нас додека ние бевме ковид-позитивни“, изјавила мајката Лејла Савенко.

Но, изненадувањето е уште поголемо. Здравствените работници побарале од семејството повторно да се тестира, а резултатите на децата повторно биле негативни, иако две од момчињата во семејството (на возраст од 7 и 9 години) имале полесни симптоми.

Најмалото дете, петгодишната ќерка, немало симптоми иако повремено спиело во ист кревет со родителите додека биле болни (физичката дистанца не се применувала во нивниот дом за време на карантинот).

Интригирани од негативните резултати на децата, истражувачите побарале од семејството да учествува во истражување за да се анализираат примероци од нивната крв, плунка, столица и урина, како и да им се земаат брисеви од носот и грлото на секои 2 до 3 дена. И покрај константните негативни резултати на децата, истражувачите откриле специфични SARS-CoV-2 антитела во плунката на сите членови на семејството, како и во деталните серолошки тестови.

Со други зборови, децата никогаш не биле позитивни на вирусот, но одредената изложеност на него поттикнала да се создаде имунолошки одговор во нивниот организам, а очигледно никое од децата не ја развило инфекцијата.

„Најмалото дете, кое воопшто не покажало симптоми, имало најголем одговор преку антитела“, вели имунологот Мелани Ниланд од институтот за истражувања кај деца „Мурдок“.

„И покрај активните одговори на имунитетот на сите деца, нивоата на цитокини, молекуларните гласници во крвта кои може да поттикнат воспалителна реакција, останале на ниско ниво. Ова било конзистентно со нивните лесни или никакви симптоми“.

За среќа, сите членови на семејството оздравеле и не им била потребна болничка нега. Механизмот што стои зад одговорот на имунолошкиот систем кај децата не е целосно разбран, но сфаќањето како и зошто нивниот имунолошки систем реагирал на тој начин може да донесе увид во целата ситуација со децата и Ковид-19.

„Оваа студија е нашиот прв чекор на навлегување во тематиката во однос на имунолошкиот систем кај децата, за да се види кои компоненти одговараат на вирусот. Фактот што овие деца можеле да го исклучат вирусот без воопшто да покажат позитивен резултат за неговото присуство покажува дека имаат некои нивоа во нивниот имунолошки систем кои може да одговорат и ефективно да се справат со вирусот, без воопшто и да се разболат“, вели првиот автор на студијата, педијатарот Шидан Тосиф од универзитетот во Мелбурн.

Истражувачите сметаат дека децата всушност биле инфицирани со вирусот, но нивниот имунолошки систем некако е способен да создаде антивирусен одговор кој е многу ефикасен во спречување на размножувањето на вирусот, што не е случај кај нивните родители. Тој одговор бил толку ефективен, што ја спуштил присутноста на вирусот на толку ниско ниво што неговото присуство не се детектирало дури ни со ПЦР-тестирањето.

„Сега се поставува прашање колку е сензитивен самиот ПЦР-тест и за моменталната дијагностика која подразбира серолошко тестирање кај децата“, велат истражувачите.

Лејла Савенко и нејзиното семејство се среќни затоа што целата ситуација е зад нив, а истовремено се и задоволни затоа што дале придонес за подобро сфаќање на овој нов вирус кој се рашири низ светот.

„Имаше изненадувачки момент во сето ова и покрај тоа што децата беа негативни, а сепак развија антитела. Да можевте само да ги видите лицата на лекарите. Беа целосно воодушевени и возбудени што дојдоа до вакво откритие“, вели Савенко.

Фото: sciencealert

loading...