Шведските училишта планираат да ја исфрлат историјата од пред 18.век

Планираат повеќе време во образованието да им дадат на прашањата за половите, климатските промени и миграциите. Што мислите вие за ова?

0
247

Швеѓаните имаат намера да ја исфрлат од училиштата сета историја постара од 18 век и учениците повеќе да се сконцентрираат на Холокаустот, Хитлер, Втората светска војна и постмодермиот период од крајот на 20.век.

„Нема повеќе стар Рим, древна Грчка, нема повеќе учење за големото шведско царство“, најавува Шведскиот одбор за образование, кој предлага предметот историја радикално да се смени.

Повеќе време во образованието имаат намера да им посветат на прашањата за половите, климатските промени и миграциите, додека во повисоките одделенија, односно, за учениците од 13 до 15 години, повеќе нема да биде предавана историја која датира од пред 1700.година.

Предложено е древна Грчка, стар Рим и ерата кога Шведска била голема сила (1611-1718) и владеела со земјите околу Балтичкото море да се избришат од историските учебници за најмладите.

„Ревидираните планови за настава се резултат од недостаток на време за учење историја во училиштата“, тврди Шведскиот одбор за образование:

Учениците од повисоките одделенија мораат повеќе да се сконцентрираат на 19. Век, на Холокаустот, Ладната војна и идеите кои ја обликувале Шведска во текот на повоената ера, наведува Одборот.

Меѓутоа, оваа намера предизвикала отпор кај професорите по историја.

„Тоа е грозно, бизарно и апсурдно“, тврди историчарот Дик Харисон.

Тој истакнува дека е присилен да реагира и укажува на фактот дека „древната историја“ е потребна.

„Сѐ што не опкружува е наследство на старите Грци“, напоменува Харисон и предупредува дека, ако предлогот стане реалност, на Швеѓаните ширум светот ќе им биде непријатно.

Предлогот за „скратување на историјата“ во Шведска, тој го нарекол „болен“.

Фото: Pixabey

loading...