Шест производи кои децата не смеат често да ги јадат

Понекогаш родителите посегаат по производи за кои знаат дека не се здрави, но им изгледаат како „брзо“ решение или пак, знаат дека ако нивните деца не сакаат да јадат нешто друго, сигурно ќе сакаат нешто од нив.

0
429

Најчесто се тоа нездравите флипс, чипс и слични грицки, кренвишли, мајонез, паштети, пекарски производи, слатки…

Некои родители толку внимаваат на тоа нивните деца да се хранат здраво што не им купуваат никогаш ништо од овие производи, па кога тие сепак некаде еднаш ќе ги пробаат, потоа не можат да престанат да ги јадат, особено ако се тие забранети на нивното мени.

Затоа, дајте им да пробаат од се по малку или побарајте некоја помалку штетна алтернатива.

Ако никогаш не им купите паштета, сигурно некогаш ќе ја пробаат некаде и ќе им се допадне, верувајте. Од лично искуство знам дека забраната и избегнувањето на ваквата храна, направи мојот син , кога потпорасна доволно за да може самиот да си купува храна, секоја пригода ја користеше за да си купи некоја од овие нездрави намирници.

Затоа е потребен баланс, ниту нешто премногу да се форсира ниту да се забранува. А доколку нешто и забраните, тогаш понудете некоја поздрава алтернатива.

Флипс

Најчесто содржи сол, хидрогенизирани растителни масти, потенцијален алерген кикирики и различни зачини во прав и засилувачи на вкусот. Како замена понудете им експандирани житарки, како пченкарен флипс без сол и зачини, пуканки, крекери од целовити житарки.

Мајонез

Содржи жолчки и растително масло, но може да содржи и скроб и зачини, зависно од видот на производот. Нема потреба да ја воведувате во исхраната, наместо мајонез воведете во дохраната јајца. Постојат алтернативи, како што е авокадото.

Кренвишли

Процесуирани прехранбени производи кои се особено нездрави па најдобро е да не ги купувате. Содржат разни конзерванси кои исто така можат да предизвикаат алергиски реакции.

Паштета

Како замена понудете им месни кашички или домашни паштети кои се приготвуваат од парченца варено месо, зеленчук, зачини и растителни масла па им се нудат на децата како нутритивно целосен оброк.

Пекарски производи

Крофните, кроасаните и слични производи треба да се заменат со домашен леб кој можете да го направите и заедно, односно, да им дозволите самите да си го обликуваат своето лепче.

Слатки

Разни слатки, десерти и сокови, но и готовите супи и сосови, како на пример, кечапот, содржат скриени шеќери. Затоа, обидете се да избегнувате готови производи и секогаш е подобро да направите домашни медењаци или нешто слично отколку да купувате готови кекси и колачи.

И на крајот, немојте да бидете престроги. Се што е забрането, станува уште попривлечно.

Фото: Pixabey

loading...