Штедење од најрана возраст – да или не?

Со Халки, вие и вашите деца, ќе учите за финансиска писменост, ќе растете заедно и низ игра ќе стекнете навики за штедење од најрана возраст, а пак при отворање на детски депозит, за малиот штедач ќе ви биде издадена дизајнирана детска штедна книшка и ќе добиете подарок.

0
284

Секој родител сака да го види своето дете како напредува во секој поглед. Од самото доаѓање на светот, безбедниот раст, напредок и здравјето на нашето дете се чинат врвни приоритети кај речиси сите родители, без исклучок. Но, како детето расте, така на листата приоритети си наметнуваме и многу други работи: школување, спортски активности, неформален развој како јазици и сл., па доаѓа високото образование, сопствено живеалиште и финансиска самостојност.

Листата е долга, но она што често загрижува се финансиите. Понекогаш дури и несвесно, живееме од ден за ден и ги решаваме само тековните приоритети, без притоа однапред да водиме сметка за подолгорочната иднина на нашето дете.

Дали ова ви се случува и вам?

Но, размислете. Уште пред раѓањето на детето, тоа почнува да добива подароци од сите наши блиски, кои многу често се парични. Дури и традицијата на овие простори вели дека кога за прв пат ќе сретнете родител со неговото новороденче, под ќебенцето му се оставаат пари за да си „купи нешто кога ќе порасне“. Често уште од првите денови во количка, се собира и значителна сума на пари. Потоа следат родендени, Нови години и други различни семејни собири, кога децата од своите баби, дедовци, тетки и чичковци, кумови и пријатели, добиваат паричен подарок. А, што правите вие со овие средства? Дали веднаш купувате нешто за вашето дете што во тој момент ви е потребно, дали купувате нешто за себе, за домот или за секојдневните потреби на семејството, или, пак, ги чувате на „тајно“ место, во некој можеби заборавен коверт, за кога ќе ви притребаат?

Што и да е вашиот одговор на овие прашања, ние би ве советувале за нешто сосема друго и всушност би го одговориле насловот на овој текст: Штедење од најрана возраст – дефинитивно да! Но, тука не зборуваме за она „штедење под душек“. Напротив. Зборуваме за отворање штедна книшка за вашето дете. И да не заборавиме: никогаш не е доцна да се почне да се штеди, но веројатно не постои подобар момент од самото раѓање.

Зошто? Одговорот е едноставен, а аргументите се повеќе. Пред сѐ, сите споменати приходи што децата ги собираат практично од моментот на раѓање, ако се соберат заедно, претставуваат одличен фонд за иднината на вашето дете. Нивното орочување на штедна книшка на подолг период значи и зголемување на депозитот којшто иницијално сте го вложиле, секако зависно од каматната стапка и периодот на орочување. Тоа значи дека ако, да речеме, при отворањето на сметката сте вложиле 60.000 денари на период од 36 месеци, по истекот на орочениот период, тие ќе се претворат во околу 62.520 денари. Значи вие „заработувате“ повеќе од 40 евра само затоа што парите сте ги чувале во банка, наместо „под душек“. Колку периодот на орочување е подолг, толку повеќе се зголемува и каматната стапка, односно поголемо е зголемувањето на вашиот депозит, па оттука би препорачале сета заштеда на вашето дете да ја орочувате на редовна основа, и тоа на што подолг период. Така, со дополнителни уплати на депозитот, вие создавате посигурна и среќна иднина за вашето дете на долг рок.

Понатаму, детското штедење овозможува сигурен начин за акумулирање на сите приходи кои сте подготвени да ги вложите и во подолг временски период. Штедна книшка на име на вашето дете не мора да значи дека тие средства треба да се искористат единствено во раното детство. Таа може, а воедно и треба, да претставува некој финансиски гарант за иднината на детето, особено во периодот на негова адолесценција, кога на врвот на приоритетите доаѓа и образованието.

Оттука доаѓаме и до аргументот на сигурноста. Всушност, орочување на средствата несомнено ви дава спокој, мир и сигурност дека тие средства се на безбедно место и ќе се искористат токму за тоа за што им била и првичната намена – за иднината на вашето дете. Штедната книшка може да биде одличен подарок за 18-тиот роденден на детето, а пак дотогаш, вие едноставно сте спокојни дека вашиот син или ќерка се обезбедени.

Уште една предност за детско штедење е секако и флексибилноста. Никој не ве врзува дека депозити треба да правите постојано. Може ваша практика да биде дека секој приход што го добива вашето дете од роднините или пријателите ќе оди веднаш на неговата сметка, а, пак, можете да вложувате и во секој момент кога вие сметате дека имате можност за тоа, независно дали е тоа симболична месечна сума, сезонски, или пак кога имате дополнителен прилив.

На крајот, одлуката е секако ваша, наше е да ви ги отвориме можностите и да ве поттикнеме да размислувате за поголема сигурност на вашата најголема вредност – децата. Доколку сѐ уште не се одлучивте, наша препорака е тоа да го сторите со слончето Халки, односно маскотата на детско штедење на Халкбанк. Со Халки, вие и вашите деца, ќе учите за финансиска писменост, ќе растете заедно и низ игра ќе стекнете навики за штедење од најрана возраст, а пак при отворање на детски депозит, за малиот штедач ќе ви биде издадена дизајнирана детска штедна книшка и ќе добиете подарок.

 

loading...