Штедлива двојка го храни синчето со храна од контејнер за да заштеди

Додека повеќето луќе купуваат намирници од продавниците, оваа екстремно штедлива двојка го одбива ова и се снабдува пребарувајќи ги контејнерите.

0
1221

Факт е дека родителството сите не менува, но Челси Флеминг и нејзиното момче Џони, двојка од Џорџија, се доказ дека тие промени некогаш преминуваат во екстреми. Имено, пред раѓањето на нивниот син Грифин, кој сега има 8 месеци, размислувале како да ги сменат своите навики и истовремено да заштедат пари, а до идејата за копање по контејнери дошле благодарение на тетката на Џони.

Таа копала по контејнери и секогапш кога доаѓала кај нив им давала купишта предмети – парфеми, храна, шминки, облека“, раскажала Челси и открила дека во еден момент тоа ѝ се видело и неа како добра идеја.

Уште првата „мисија“ дополнително ја загреала за оваа идеја.

Нашето прво самостојно пребарување на контејнер беше вистински џекпот. Најдовме нов божиќен асортиман кој на себе имаше етикети и тоа во вредност од неколку стотици долари“, се потсетува младата мајка која е уверена дека тоа бил најпаметен потег. Вистински пресврт доживеала кога одлучила да ги планира нивните оброци исклучиво според она што ќе го најдат во контејнерите.

Така многу лесно го преполовивме нашиот месечен трошок за храна“, истакнала таа. Како што велат, само на храна сега штедат околу 200 долари месечно. Освен заштедата, прегледувањето на контејнерите неброено пати им донело и заработувачка. Овсне храна и мебел, тие користат и туѓа шминка, паста за заби и други хигиенски производи. Дополнителна заработка им носи и продажбата на тукушто започнат мејкап. Досега веќе се соочиле со полицијата, а неодобрувањето на ваквиот начин на живот од страна на другите луѓе им станало речиси секојдневје, пишува Метро.

Штедливи сме и своите пари мудро ги трошиме“, истакнала Челзи која за себе вели дека била отсекогаш скромна, а својот начин на живот сака да го промовира за да „ја спаси околината и да ги научи луѓето да не фрлаат храна“.

Иако многумина им префрлаат дека целосно погрешно го воспитуваат својот син, оваа двојка е уверена дека не прави ништо погрешно туку напротив, дека им служат на другите како позитивен пример.

Фотографијата е од ТУКА.

loading...