Што велат стручњаците за бакнувањето на децата во уста?

После Дејвид и Викторија Бекам, Кристиано Роналдо е уште еден славен татко кого го напаѓаат поради бакнежот во уста со неговата ќерка. Што мислите вие за бакнувањето на децата во уста и дали и самите го правите ова?

0
333

Славниот фудбалер Кристијано Роналдо често објавува фотографии од семејниот живот со своите четири деца, а најновото видео предизвика многу негативни реакции.
Славниот татко во видеото разговара со својата 2-годишна ќерка Алан Мартин и ја бакнува во уста, што налутило многумина.
Како да не се заљубам во мојата принцеза?, напиша славниот татко, кој не е прв меѓу добро познатите родители кој е критикуван поради сличното покажување љубов кон своите деца.
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија со години беа критикувани дека ги бакнувале своите деца во уста, а минатата година, неговиот бакнеж со најмладата ќерка Харпер која сега има осум години, двапати заврши на насловните страници на светските медиуми.

Дејвид изјавил дека ги бакнува сите свои деца на ист начин освен најстариот Бруклин. „Јас сум многу близок со моите деца и ги бакнувам сите во уста, освен најстариот син Бруклин. Тој има 18 години, па тоа би било многу чудно“, изјави тој во една пригода. „Јас сум многу приврзан со децата, и јас и Викторија сме така воспитани и такви сме со нашите деца.
Ние сакаме да им покажеме љубов на нашите деца и да ги заштитиме, да се грижиме за нив, да ги поддржуваме и многу сме приврзани кон нив “. Минатиот ноември, беше покрената дури и акција на социјалните мрежи со хаштагот #standbybeckham во која славните родители објавуваа фотографии на кои ги бакнуваат во уста своите деца како поддршка на Дејвид Бекам.
И славниот американски фудбалер Том Брејди, татко на три деца и сопруг на супермоделот Жизел Бундшен, крена прашина со сцената во неговиот документарен филм „Tom vs. Time“ во кој го бакнува својот 11-годишен син во уста.
Во видеото, Џек му дава краток бакнеж во уста на тато Брејди додека е тој на масажа. „Тоа беше малку кратко“, му вели Брејди на својот син, а потоа тој се враќа и му дава подолг бакнеж. Многу коментатори се прашуваа дали тој долг бакнеж е соодветен помеѓу син и татко.
Што велат експертите?
Американската академија за пародонтологија тврди дека со бакнувањето може да се пренесат до 500 различни видови микроби, вклучувајќи ги и оние кои предизвикуваат заболување на непцата, а само еден бакнеж меѓу родител и дете може да пренесе болест на непцата.
Иако возрасните кои се бакнуваат во уста можат да си пренесат бактерии едни на други, децата се многу почувствителни бидејќи сè уште немаат развиен имунолошки систем.
Детскиот психолог и авторка на книгата „Моќта на имагинацијата на вашето дете: Како да се трансформира стресот и вознемиреноста во радост и успех“, Шарлот Резник објаснува дека бакнувањето на децата во уста може да асоцирана сексуалните или романтичните активности на нивните родители и децата може да се прашаат какви се тие нешта што ги прават родителите.
„Ако мама го бакнува тато во уста и обратно, што значи кога јас, девојче или момче, ги бакнувам родителите во уста“, објаснува тој. Но, експертите не се согласиле на оваа тема, па затоа другите детски психолози сметаат дека таквото искажување на љубов нема да му наштети на детето. Клиничкиот психолог Сали-Ен Мекормак изјави: „Нема докази дека бакнувањето на детето во уста ги збунува децата на кој било начин.
Исто како да се каже дека доењето е сексуално. Некои луѓе мислат дека тоа е проблем, но не е повеќе сексуално од масирањето на грпчето на бебето “.
И мајките на форумите зборуваат за бакнувањето на децата во уста, некои сметаат дека е тотално неприфатливо, некои се грижат за преносот на микроби, додека други мајки велат дека ги тушираат своите мали деца со бакнежи од глава до пети, па така и во устата.
Дали вие го бакнувате вашето дете во уста?

Фото: Инстаграм

loading...