Што да се прави ако детето има тврда столица?

Наташа Чучкова Никчевска e специјалист-педијатар во Жан Митрев Клиника. Доколку имате било какво прашање или дилема во врска со здравјето на вашето дете, напишете ги на профилот на Фејсбук на порталот „Мајка и дете“ и очекувајте ги одговорите од нашата соработничка.

0
213
Моето дете има три ипол години и не оди по голема нужда. Пие сируп Lass baby и денеска успеа да излезе малку, но тврдо.
Што да преземеме?

Кога се работи за дете со тврда столица треба да се знае дали е ова инцидентна работа или трае подолго време. Ако е инцидентна состојба, мала корекција во исхраната ќе го реши проблемот. Тогаш се даваат повеќе течности, пред сѐ, вода, потечни зготвени оброци, богати со целулоза. Се советува неколку дена да се намали внесување на продукти кои се абсорбенти како компир, ориз, банана и морков, итн.

Ако проблемот со тврдата столица е подолготраен тогаш ги советувам да дојдат за преглед за да се утврди што е причината, како и да продискутираме за начините за корекција на хроничната констипација.

Фото: Pixabey

loading...