Што да се прави кога е детето „премногу“ воспитано?

Во својата генерација овие деца ќе бидат означени како неснаодливи и смотани, затоа што нивните доблести ќе бидат препознаени како маани. Нивната претерана социјализираност ќе ги спречи да бидат оптимално прилагодени  и успешни.

0
559

Целта на секој родител е неговото дете еден ден да порасне во функционална возрасна личност. Воспитувањето е процес на изградба на самостојна личност, одговорна кон себе и кон другите, која добро функционира во општеството.

Процесот на социјализација се заснива на тоа детето да меморира, односно, да ги интернализира родителските фигури кои во различни ситуации му упатуваат одредени пораки кои бараат од него да се однесува на прифатлив начин.

На тој начин, стварните „надворешни родители“ се претвараат во психичката структура на детето која можеме да ја наречеме „внатрешни родители“ или супер-его. Иако родителите и нивните пораки се темел на овој процес, тој ги опфаќа и сите подоцнежни авторитети кои го „населуваат“ дадениот дел од детската психа.

Строго гледано, детето не ги усвојува друштвените норми како такви, туку ги усвојува семејните норми, вредности и погледи на свет. За да биде социјализацијата успешна, мора да постои доволна согласност помеѓу семејните и нормите на поширокото друштво. Ако детето расте во семејство чии норми се во поголема несогласност со нормите на поширокото друштво, тогаш тоа дете ќе биде прилагодено на семејството, но неприлагодено кон пошироката заедница во која треба да функционира кога ќе порасне. Еден проблем е кога семејните норми се далеку под стандардите на пошироката заедница. Во тој случај детето ќе има проблеми во функционирањето надвор од семејството, од градинката, преку училиштето, сѐ до возрасниот живот. Тоа ќе биде означено како „несоцијализирано“, со „пореметување во однесувањето“.

Кога се семејните норми значително над нормите на пошироката заедница, тогаш настанува сосема спротивен проблем. И овие деца, иако прилагодени кон семејствата од кои потекнуваат, нема да бидат прилагодени кон поширокото општество.

Тоа е случај со децата кои се „премногу убаво“ воспитани, кои се придржуваат кон оние норми кон кои не се придржуваат другите членови на заедницата. Во својата генерација овие деца ќе бидат означени како неснаодливи и смотани, затоа што нивните доблести ќе бидат препознаени како маани. Нивната претерана социјализираност ќе ги спречи да бидат оптимално прилагодени  и успешни.

Додека проблемот на несоцијализираните деца е добро обработен во воспитните теории, проблемот на несоцијализираните деца не е доволно препознаен.

Што им преостанува на оние кои се „премногу добро“ воспитани? Еден начин е да се променат, во извесна мерка да „подиват“, за да се прилагодат кон пошироката заедница.

Друг начин е да се затворат во група или  субкултура на оние кои им се слични, меѓу кои ќе се чувствуваат нормално. Во таква група ќе функционираат добро, но и натаму ќе имаат проблем на неприлагоденост во пошироката заедница.

Трет начин е да си одат од заедницата во која не функционираат успешно, во некое друго општество, односно, во држава во која пошироките општествени норми се соодветни на нивните лични норми. Овој трет начин е можеби за нив најдобар, но никако не е добар за заедницата од која потекнале.

loading...